logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ДР. ХАУШКА КОЗМЕТИКА, ПИОНEР ВО ПРИРОДНА И ОРГАНСКА НЕГА НА КОЖА

Напишано од Дипл. фарм. Лозенка Павлевска Сабота, 28 Август 2010 17:57

458
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 4.00 од 5)

 

Во 1967 год., др. Рудолф Хаушка и  Елизабет Сигмунд, козметиколог,  ја лансираа козметичка линија што денес се смета за еден од најчистите препарати за нега на кожа, во светски рамки. Затоа и ги сметаат за пионери во производството на природна и органска козметика.

 

Единственост на Др.Хаушка козметиката

 

Основата на концептот за нега на Др.Хаушка козметиката е дека:

Кожата поседува сопствена сила на хранење и обновување, а козметиката треба да ѝ помага во тоа.

Др.Хаушка производите за нега на кожа ја поттикнуваат внатрешната вистинска активност на кожата и ги поддржуваат и почитуваат нејзините природните функции.

Всушност, тоа ја прави единствена Др.Хаушка козметиката.

 

Да не заборавиме дека кожата е орган !    . . .

 

 

Кожата ја рефлектира нашата здравствена состојба, ги рефлектира сите случувања во нашето тело. Кожата е најголемиот орган перцептор, кој лесно реагира на надворешните  влијанија. Голем процент на човековите Т-клетки (клетки одговорни за имунитет) се наоѓаат во кожата, и заедно со белите дробови и бубрезите, се вбројува во главните органи за излачување. Затоа кожата треба да се негува и чува.

Козметиката треба да ѝ помага на кожата сама да се регенерира и одржува.

Пристапот на Др.Хаушка е да ги третира причините зашто е настаната промената на кожата, а не само симптомите. Тоа е холистички (целосен) пристап на нега на кожата, кој го практикува Др.Хаушка козметиката.

Хармонијата на кожата не се постигнува преку ноќ. Кожата има  природна мудрост за самостојно регенерирање, а комплетната нега на кожа со Др.Хаушка производите, само ѝ помагаат во тој природен процес.

 

Специфичности на Др.Хаушка  козметиката:

  • Многу е важно да ги поттикнеме и почитуваме природните функции на кожата, и притоа дополнително да не ја оптовариме.
  • Преку ден на кожата ѝ е потребна заштита од надворешни агенси, и во тоа треба да ја поддржиме. Преку ден се препорачуваат креми.
  • Немасна ноќна нега – поддржување на физиолошките процеси на кожата во текот на ноќта: создавање и излачување на себум, преку кој се елиминираат токсините и се овозможува регенерација. Навечер се препорачуваат препарати на водена база.

 

Состав на Др.Хаушка козметичките препарати

 

Препаратите за нега на кожа Др.Хаушка, содржат исклучиво природни состојки - екстракти од лековити растенија, масни и етерични масла и восоци. Подлогите на козметичките препарати, со наведените компоненти прават целина, кои, исто така, се од природно потекло.

Стабилноста на препаратите се постигнува со употреба на природните етерични масла, восоци, растителен алкохол (добиен од тинктура во процесот на екстракција на лековитите растенија, не се користи чист алкохол). Соодветниот ритмички процес на производство е важен за стабилноста и квалитетот на препаратите. Со овој процес се сочувува виталноста на растенијата и се пренесува директно на кожата.

Препаратите не содржат изолирани супстанции, на пр. Е витамин, Ц витамин, туку содржат масла од пченични никулци или екстракт од ацерола.

 

Здравјето на кожата е најважно, и поради тоа не се прават компромиси.

 

Лековитите растенија кои се користат за добивање на препаратите, се биодинамички и органски одгледани.

 

Што е биодинамичко одгледување? 

 

Биoдинамичкото одгледување на растенијата исклучува употреба на хемиски и минерални ѓубрива, хербициди и пестициди.  

Градината се користи како затворен круг и претставува мал екосистем. Семето, компостот (со лековити растенија), се од сопствено производство. Од голема важност е сите работи поврзани за растенија да се произведат рачно. Градинарите на „Вала“ (WALA)  при сеењето и жетвата водат сметка за природниот ритам, што резултира со зголемување на цврстината и здравјето на растенијата. Всушност, тоа е одличнa основа на  производите за нега на кожа.

Патот со природата е единствениот пат кој води во иднината. За „Вала“, компанијата која ја произведува Др.Хаушка, тој пат секогаш бил природен избор.

 

Потврда за квалитет

 

Ретки се козметичките брендови кои на себе си поставуваат барања повеќе од тие кои самите сертификати и стандарди ги одредуваат. Понекогаш, повеќе од она што самите потрошувачи може и да посакаат. Стабилноста и трајноста на препаратите се постигнува со нивната ритмичка обработка и со употреба на веќе споменатите природни конзерванси, соодветно пакување на препаратите. Тоа е многу повеќе од барањата на сертификатот за контролирана природна козметика на германското индустриско здружение BDIH, кој го носат сите препарати на Др.Хаушка козметиката.

BDIH сертификатот дозволува употреба на природно идентични козерванси. Исто така, растенијата кои се користат во производите кои се сертифицираат по овој сертификат, не треба да се органски и биодинамички одгледани.

Сите овие барања за добивање на овој сертификат се помалку од квалитетот и составот на препаратите на Др.Хаушка козметиката.     

 

Поради потребата за точно дефинирање на органската козметика, како и добивањето на инернационален сертификат, основана e NaTrue интернационална асоцијација за природна и органска козметика.

 

Сите сертифицирани производи на Др.Хаушка козметиката го имаат NaTrue сертификатот за органска козметика.

  

 

NaTrue  интернационален сертификат?

 

NaTrue е меѓународно здружение за природна и органска козметика, кое стреми кон заштита на највисоките стандарди на природната и органската козметика и нејзините состојки. За таа цел, NaTrue развиле серија критериуми, кои овозможуваат објективна евалуација на продуктите. Така, го развиле означувањето на природните и органските продукти, односно:

NaTrue сертификат со три ѕвезди e за органска козметика.

NaTrue сертификат со две ѕвезди за природна козметика со органски состојки.

NaTrue сертификат со една ѕвезда за вистинска природна козметика.

 

Пред да купите природен производ за нега на кожа, сами проверете која козметика е природна и органска. Повеќе на www.Natrue-label.com

 

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+3 # blagoja 01.09.2010 08:20
Sum slusal deka napitokot od kombuhata e mnogu dobar za zdravjeto. Kolku e toa tocno
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.