logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Холистички пристап за нега на кожа

Напишано од Лозенка Павлевска - дипл. фарм. Вторник, 08 Ноември 2011 19:58

538
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(11 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Кожата е најголемиот орган перцептор, кој лесно реагира на надворешните  влијанија.

Taa ја рефлектира нашата здравствена состојба, ги рефлектира сите случувања во нашето тело. Една од поважните функции на кожата е нејзината имунолошка улога, поради присуството на Т-клетки,  макрофаги и др (клетки одговорни за имунитет), кои имаат важна улога во бројни имунолошки процеси кои се одвиваат на кожата. Затоа правилната нега и грижа на кожата е од исклучителна важност.

Негата на кожата на лицето, телото по своето изворно значење се именува како козметика. Зборот козметика произлегува од зборот kosmein што значи да се среди или повторно да се воспостави ред. Тоа не упатува на едена помалку заборавена насока на нега на кожата - да се оддржи или повторно воспостави ред ...

Препаратите за нега на кожа кои имаат холистички пристап имаат за цел да ги третираат не само симптомите туку и причините поради кои е настаната промената на кожата. Тоа е холистички (целосен) пристап на нега на кожата. Важно е да се почитуваат  и подржуваат сите природни физиолошки фукции на кожата затоа што кожата е дел од целиот наш организам.

Со помош на козметичките препарати кои и даваат холистичка нега, кожата почнува повторно природно да функционира, бидејќи од препаратите тие добиваат информации што сама може да направи за да се врати во состојба на рамнотежа.

Холистичкиот пристап на нега на кожа за негување, на масна состојба на кожата  користи масло кое е висококвалитетна мешавина од лековити растенија. Со употреба на маслото (кое веднаш се впива и не остава сјај на површината) ние им праќаме информации на лојните жлезди дека на површината на кожата има доволно маснотии и зголеменото лачење на себум со тек на време се намалува. За разлика од класичниот пристап за третирање и нега на масната кожа во кој се употрербуваат препарати кои ја обезмастуваат кожата и на тој начин им се праќаат погрешни информации на лојните жлезди дека на површината на кожата нема доволно маснотии и тие произведуваат повеќе себум.

Со употреба на препарати за нега на кожа со кои не се попречуваат природните и физиолошки функции на кожата ќе и помогнеме да биде активен орган кој непречено ќе ги извршува своите физиолошки фукции.

Кожата по својата физиологија навечер лачи себум преку кој ги елиминира токсините  (кожата и преку ден лачи себум кој има заштитна улога), исто така кожата навечер се самообновува поради тоа подобро е навечер да се користат препарати за нега кои се на водена база.. Овој пристап на нега и дозволува на кожата да си ја врши својата основна физиолошка функција  во текот на ноќта односно да создава себум преку кој ги исфла токсините да се  детоксицира  и самата да се регенерира На балансираната кожа не и треба повеќе од  соодветно чистење и тонизирање пред спиење.Замената на ноќниот крем со препарат на водена база ќе и овозможи на кожата да ги спроведе здравите процеси во текот на ноќта.

Редовната апликација на ноќни креми им пречи на  природни активности на кожата, едноставно и се мешаме во работата  на кожата бидејќи нејзинaтa активност е насочено кон впивање на ноќната крема.Кожата ја правиме пасивен орган им праќаме сигнал на лојните жлезди да намалат сопственото производство производство, бидејќи ние и носиме однадвор преку ноќните креми што  резултира со уште посува кожа.

Хармонијата на кожата не се постигнува преку ноќ. Кожата има  природна мудрост за самостојно регенерирање, а соодветната  нега на кожа само и помага во тој природен процес.

Здравјето на кожата е најважно и поради тоа не се прават компромиси.

 

Дипл.фармацевт Лозенка Павлевска

Dr.Hauschka kozmetika

 

Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.