Антистрес
Четврток, 02 Октомври 2008 06:58
Во денешно време живееме со мошне брза динамика вложувајќи ги сите раположливи механизми и капацитети што ги поседуваме
за да дојдеме до зацртаната цел, а притоа не штедејќи се ниту психички ниту физички. Честопати сме во расчекор мeѓу направеното и предвиденото. Имено, често се случува она што сме го реализирале да не е како што сме го замислиле или испланирале. Во вакви случаи страда целиот организам, па велиме дека сме под стрес. Се намалува имунитетот, па не сме отпорни ни на најбанални инфекции, а да не зборуваме и за нарушена функција буквално на сите органи и системи.
За рационално да ја надминеме ваквата состојба, често ни е потребен препарат што ќе ни помогне да го амортизираме стресот, што значи да дејствува антистресно. Треба да го амортизираме и заморот, да ја зголемиме менталната острина, но со препарат што нема да има непријатна последица врз другите органи и системи, туку што има навистина антистресен ефект:
1. да ви го подобри расположението;
2. да ве релaксира без да иницира сонливост;
3. да резултира со урамнотежена и добра психичка состојба.
ЈА ЗГОЛЕМУВА ОТПОРНОСТА КОН СТРЕСОТ, НЕ ПРЕДИЗВИКУВАЈЌИ ПОСПАНОСТ И ДЕПРЕСИЈА!

Ја одржува способноста за концентрација и го подобрува расположението. Ја стимулира енергијата и целосно го опушта организмот.
Главен дистрибутер и увозник
„Натура вива“ Скопје
Тел.: 02 323 99 88
www.erbavita.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|








