ЗРНЕСТ ЛЕБ (традиционален производ) СО ЛЕН
Напишано од Младеновски Ласте - дипл.инж.технолог Вторник, 21 Јули 2009 14:25
Брзиот развој на технологијата придонесе видот на производите што се користат во секојдневната исхрана да е сè поголем. Воедно, и бројот на хемиските супстанции кои се користат во производство на земјоделските култури и во преработките е сè поголем, со што сè повеќе се нарушуваат природните закони и го оддалечуваат човекот од природата, а како последица се јавуваат модерните заболувања за кои медицината не може да најде лек.
Исхраната составена од природни, нерафинирани продукти ги обезбедува сите хранливи состојки неопходни за добро здравје.
Еден природен и нерафиниран продукт, како што е житарката, во себе содржи макрохранливи состојки и микрохранливи состојки, пред сè во природна форма и во оптимално количество за задоволување на дневните потреби.
Убаво избалансираната исхрана му помага на организмот да воспостави урамнотежен метаболизам и силен одбранбен механизам.
ЗРНЕСТ ЛЕБ (традиционален производ) СО ЛЕН е производ на БИОВИТАЛ, добиен од интегрални органски житарки од цело зрно, со помош на природно кисело тесто, печен во земјана печка на дрва, без адитиви и конзерванси.
ЛЕНОТ во исхраната и во медицината се користи многу години. Хипократ го користел за лекување на системот за варење на храната.
Во составот на ленот има 25% протеини, поради што е многу хранлив, мастите се застапени со 30-40 %, од нив 57 % омега-3 незаситени –есенцијални масни киселини. Ленот е исто така богат извор на линолна, линоленска киселина, како и на лигнин. Богат е со растителни влакна кои помагаат во регулацијата на перисталтиката. Од витамините, ги содржи витамин А, Ц, Е, Б комплексот, вклучително Б12. Најмногу е присутен витаминот Ф - 2,50мг.
Нашиот организам не може сам да го создаде овој витамин, па е потребно секојдневно да се внесува преку храната. Тој игра главна улога во создавање на одбранбена рамнотежа.
Биолошко-активниот витамин Ф е многу значаен. Поради недостаток од него, најмногу страда здравјето на луѓето.
Недостаток на витамин Ф предизвикува инфекции, најчесто кијавица, алергии кои се локализираат на кожата или на дишните патишта, кожата постанува сува, се создава првут, и кожата изгледа постара. Витаминот Ф делува на слузокожата на органите за варење. Недостатокот предизвикува намалување на тенкиот слој, со што станува многу пропустлива и ги пропушта токсичните материи кои се наоѓаат во цревата. Ако овие материи не се неутрализираат со помош на црниот дроб, тие почнуваат да го трујат нашиот организам, што се манифестира преку постојан замор, што претставува најава за појава на некое заболување како рак, болест на крвните садови, тромбоза, нарушување на црниот дроб, намалена отпорност на вируси, камен во жолчка.
Што може витаминот Ф да помогне за подобро здравје?
Го спречува таложењето на лошиот холестерол во артериите, ги намалува триглицеридите.
Придонесува за здрава кожа, нокти и коса.
Овозможува заштита од штетното делување на X-зраците.
Го помага растењето, делувајќи на активноста на жлездите.
Го чува срцето здраво и ги намалува кардиоваскуларните заболувања.
Го спречува ракот.
Го подобрува имунитетот.
Го намалува високиот крвен притисок.
Го спречува ревматоидниот артритис.
Ја спречува опстипацијата.
Помага во смалувањето на тежината, согорувајќи ги заситените масти.
Од минералите се присутни: калциумот, магнезиумот, сулфурот, цинкот, а калиумот го има 7 пати повеќе отколку во бананата.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
vi blagodaram
8-KA:
Site informacii za zrnestiot leb moze da gi dobietie od proizvoditelot - dipl. inz. tehnolog Laste Mladenovski, kontakt tel. 075 660 289.