logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЗРНЕСТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) СО СЕМКИ ОД ТИКВА

Напишано од Младеновски Ласте - дипл.инж.технолог Недела, 08 Ноември 2009 05:10

370
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(0 гласа, просек 0 од 5)

„Не е битно каков леб јадеме, битно е дали е направен 100 % од цело зрно“,  рекол Хипократ.

Сегашното производство и консумирање на леб, кој 99,9 % се изработува од бело брашно, е во дијаметрална спротивност  со тврдењето на Хипократ.

Како последица на тоа се појавија модерните заболувања, дијабетес, срцеви заболувања, рак, разни типови на алергии, дебелината, кои беа  речиси непознати сè до почетокот на минатиот век.

Исхраната составена од природни, нерафинирани продукти ги обезбедува сите хранливи состојки неопходни за добро здравје ...

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (традиционален производ) со СЕМКИ ОД ТИКВА, производ на БИОВИТАЛ , е добиен од интегрални органски житарки од цело зрно (пченица, ’рж, интегрален ориз), ленено семе, сусам, сончоглед , со помош на природно кисело тесто, печен во земјана печка на дрва, без адитиви и конзерванси.

Семките од тиква содржат вредни витамини, ензими, кои позитивно делуваат врз работата на простатата и ја штитат од зголемување. Семките од тиква содржат незаситени масни киселини  (преку 80%), витамин Е, витамини од Б комплексот, како и витамините А и Д, како и минералите магнезиум, железо, фосфор, цинк, селен, пектин, белковини, манганова сол, фосфорна киселина, фитостероли и салицилна киселина.

Во народната медицина семките од тиква се препорачуваат како диуретик, за исфрлање на вишокот на вода од организмот, посебно кај луѓе заболени од ревма, гихт, воспапаление на мочниот меур или бубрезите, го намалува крвниот притисок, овозможуваат  превенција од остеопороза.

Фитостеролите го врзуваат холестеролот и го намалуваат липидниот статус.

Фитоестрогените ги регулираат хормоните.

Цинкот  помага за брзо зараснување на раните, го подобрува сетилото за вкус, помага за лекување на неплодноста, го потпомага растот и ја одржува будноста на умот, помага при лекувањето на психичките нарушувања.

Во зелената темна обвивка на семките се наоѓа супстанција која успешно ги лекува цревните паразити.

Присуството на незаситени масни киселини помага за успорување на процесот на артериосклерозата, намалување на количината на холестеролот и триглицеридите, помага за превенција од инфаркт и мозочен удар, снижување на висок крвен притисок, зајакнување на имунолошкиот систем, ублажување на ревматоидниот артритис.

Во западните земји семките од тиква се користат како храна за мозокот и се препорачуваат кај ученици и студенти.

 

 ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) добиен со СЕМКИ ОД ТИКВА, од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето.

Совршено избалансираниот сооднос на составните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот,регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус.

Присуството на прости  и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерната работа.

 

- Со секојдневна употреба, го намалува ризикот, во некои случаи го лекува дијабетесот тип 2.

-Има важна улога во спречување на белодробни заболувања.

- Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето,  ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти.

- Го намалува ризикот од рак, срцев удар, тромбоза и дебелеење.

- Го намалува нивото на холестерол и триглицериди.

- Го зајакнува имунолошкиот систем.

- Спречува формирање на камен во бубрег.

- Ги спречува ревматските заболувања.

- Го намалува заморот и го подобрува видот.

- Ја подобрува лактацијата.

- Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата  и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење.

- Помага за правилен раст и плодност.

- Придонесува за побрзо зараснување на раните.

-Ја подобрува функционалноста на репродуктивните органи.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.