ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ КАКО ФУНКЦИОНАЛНА ХРАНА
Напишано од Младеновски Ласте - дипл. инж. технолог Вторник, 30 Март 2010 11:51
Функционална храна е храна која содржи состојки кои позитивно делуваат на една или на повеќе телесни функции во телото, како што е метаболизмот на јаглехидратите, мастите, белковините, а исто така овозможува и правилно функционирање на дигестивниот тракт, крвниот притисок, кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, работата на панкреасот ...
Се смета дека модерниот концепт на функционална храна е зачнат во Јапонија во 1984год. Но, сфаќањето на храната како лек го поставил таткото на медицината, Хипократ, уште пред 2500 години. Нему му било јасно дека храната не постои само за да не нахрани, туку и дека одредени компоненти на храната имаат позитивно влијание врз целокупната здравствена состојба на организмот.
Храната како лек неправедно е занемарена во 19-от век, поради појавата на модерната терапија со лекови, меѓутоа, во 20-от век исхраната добива важна улога во превенцијата и унапредувањето на здравјето, а во 21-от век, ќе биде во знакот на функционалната храна.
Минатиот век е обележан со многу револуционерни откритија, а едно од најпознатите е поврзаноста на недостигот на поедини витамини и минерали со бројни болести. Тоа било јасен знак дека одредени болести се резултат на дефицит на некои прехранбени состојки.
За функционална храна се смета:
- традиционално природна нутритивна храна (тоа подразбира храна која не е рафинирана, како на пример целозрнеста житарка, зеленчук, овошје, во која храна природно се содржат неопходните витамини, минерали, масти, белковини, јаглеродни хидрати и ензими во урамнотежен однос);
- храна од која се отстранети некои одредени материи кои негативно влијаат врз здравјето;
- храна во која се изменети својствата на поедини компоненти;
- храна која е збогатена со функционални состојки (како што се есенцијалните масни киселини омега-3 и омега-6, растителните влакна, комплексните јаглехидрати, есенцијалните амино-киселини, витамините, минералите, ензимите, пробиотикот, пребиотикот и симбиотикот. Овие состојки во храната се додаваат како природни (несинтетизирани). Се разбира, тие се најдобри за здравјето и како синтетизирани суплементи т.е. вештачки, за кои науката нема цврсти докази дека позитивно делуваат врз здравјето, а можно е и предозирање);
- сите наведени можни комбинации.
Пребиотиците претставуваат хранливи состојки кои го подобруваат растот и активноста на добрите цревни бактерии (пробиотиците); најпознати се инулинот и растителните влакна.
Инулинот ги смалува калоричните вредности на производот, а воедно ја подобрува апсорпцијата на калциумот, магнезиумот и железото. Тој селективно го стимулира растот на бактериите од родот Bifidobacterium и Lactobacillus кои имаат својства позитивно да делуваат на човековиот организам. Растот на добрите бактерии го оневозможува растот на лошите патогени бактерии.
Инулинот се содржи во многу житарки, лукот и артичоката. Поради ниската калорична вредност, посебно е добар за дијабетичарите и за постарата популација. Ја зајакнува и штити слузницата на желудникот и го зајакнува имунитетот.
Растителните влакна, покрај тоа што го стимулираат растот за пробиотските бактерии, ја подобруваат и работа на цревата, ги впиваат токсините и простите шеќери, а со тоа го чистат организмот и помагаат да се смали апсорпцијата на калории.
Омега-3 и омега-6 масните киселини го штитат срцето од инфаркт и им овозможуваат правилна работа на крвните садови. Нив ги има најмногу во никулецот на житарките, посебно кај ленот, сусамот и сончогледот.
Витамините и минералите имаат голема функција во метаболизмот на човекот.
Белковините имаат градбена функција .
Комплексните јаглехидрати имаат функција континуирано да го снабдуваат организмот со енергија.
Карактеристично за ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ како ФУНКЦИОНАЛНА ХРАНА е да нема посебно додадени синтетички додатоци, туку функционалните различни биолошко-активни хранливи компоненти да се добиваат со мешање на разни видови на житарки, а со самиот процес на преработка се отстрануваат одредени компоненти кои негативно делуваат врз здравјето, како што е фитинската киселина, која се елиминира 100%. Воедно, при самиот технолошки процес, со помош на природното кисело тесто се формира витаминот Б12, како и над 200 нови хранливи компоненти кои позитивно делуваат врз здравјето.
Од горе изнесеното, со право можеме да констатираме дека секојдневната употреба на ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ, ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД на БИОВИТАЛ, од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето.
Совршено избалансираниот сооднос на составните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус.
Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти, и се штити панкреасот од прекумерната работа.
- Со секојдневна употреба го намалува ризикот, во некој случаи го лекува дијабетесот тип 2.
-Има важна улога во спречување на белодробни заболувања.
- Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти.
- Го намалува ризикот од рак, срцев удар,тромбоза и дебелеење.
- Го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Спречува формирање на камен во бубрег.
- Ги спречува ревматските заболувања.
- Го намалува заморот и го подобрува видот .
- Ја подобрува лактацијата.
- Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење.
- Помага за правилен раст и плодност .
- Придонесува за побрзо зараснување на раните.
-Ја подобрува функционалноста на репродуктивните органи.
| < Пред | Следно > |
|---|






