КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ СО КВАЛИТЕТЕН ЛЕБ
Напишано од Младеновски Ласте - дипл. инж. технолог Недела, 04 Април 2010 17:06
Во исхраната на нашиот народ, лебот бил и е од посебно значење, зашто е главен извор за обезбедување на дневниот енергетски внес. Нашите предци лебот го приготвувале на повеќе начини, но секогаш бил од брашно од цело зрно. Сè што поседува зрното, го поседува и брашното. Затоа е важно кој тип на леб доминира во потрошувачката каj луѓето. За жал, кај нас 99 % доминира потрошувачката на белиот леб, а тоа штетно делува врз здравјето на луѓето од повеќе аспекти...
Белиот леб бргу се разградува и апсорбира од страна на организмот. Дел се користи како енергија потребна за работа на организмот, дел се претвора во гликоген (резервна енергија), а поголемиот дел се претвора и таложи како масти, кои ја зголемуваат телесната тежина и негативно влијаат врз здравјето на луѓето.
Во белиот леб нема витамини, минерали, масти и поголем дел од белковините кои се неопходни за правилен развој на секој организам.
Во белиот леб нема растителни влакна неопходни за правилна работа на дигестивниот систем.
Во белиот леб се додаваат адитиви и конзерванси кои се причина за настанување на алергии, појава на рак, и други модерни заболувања.
Во белиот леб го нема никулецот кој е богат со белковини ,витамини, минерали,ензими.
Спротивно од белиот леб, ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ на БИОВИТАЛ обезбедува големи количини на минерални состојки, железо, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, бакар, сулфур, цинк, флуор, кобалт, манган, јод, селен, хром, молибден, ванадиум, натриум и други. Минералите не можат да се синтетизираат во организмот, потребен е нивно внесување преку храната. Учествуваат во градба на коските, влегуваат во состав на крвта и на некои хормони, го снижуваат крвниот притисок, спречуваат појава на рак, го контролираат апетитот, соучествуваат при размената на материите во организмот, ја регулираат кисело-базната рамнотежа во организмот и осмотскиот притисок, го регулираат нервниот и мускулниот систем.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ ги содржи сите витамини од Б комплексот, витаминот Е, витаминот Д, витаминот К, витамин П, витамин Т, витамин А, кои имаат есенцијална (незаменлива) улога, имаат заштитна улога, го регулираат искористувањето на протеините, мастите, јаглехидратите, минералите. Го регулираат растењето и развојот, влијаат врз нормалното одвивање на функциите на клетките и ткивата и во прометот на хранливите материи.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ е богат со белковини и ги содржи сите 8 есенцијални (незаменливи) аминокиселини. Го регулираат растењето, создавање на крвта, синтеза на витамини, ензими, хормони и антитела. Ги зајакнува влакната и ноктите, го успорува стареењето, го намалува чувството на глад, го подобрува памтењето, го зголемува сексуалниот нагон, ја подобруваат работата на централниот нервен систем.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ содржи комплексни јагленохидрати (скроб), кои поради зрнестата структура, се апсорбираат постепено и го снабдуваат организмот непрекинато со енергија . Помагаат во согорување на мастите во организмот. Малиот вишок се претвара во гликоген(резервна енергија).
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ е богат со растителни влакна. Имаат способност да создаваат баласт и да овозможат подобра перисталтика на храната во цревата. Помагаат да се смали апсорпцијата на калории. Тие впиваат вода, набабруваат, со тоа го намалуваат чувството на глад.
Пектинските материи прават облога на цревата, со што ја успоруваат апсорпцијата на шеќерот, а со себе ги врзуваат тешките метали и слободни радикали. Растителните влакна ја намалуваат потребата од инсулин кој го користат дијабетичарите,спречуваат дивертикулоза (џебови во тенкото црево).
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ содржи есенцијални масни киселини, ЛИНОЛНА и ЛИНОЛЕНСКА. Со заемното дејство на овие две масни киселини се формираат другите масни киселини потребни на организмот. Балансот на овие две киселини влијае врз здравјето. Ја намалуваат количината на холестеролот и триглицеридите во крвта. Помагаат за превенција од инфаркт и мозочен удар, го снижуваат високиот крвен притисок , го ублажуваат ревматоидниот артритис. Го јакнат срцето.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ се добива од ОРГАНСКА житарка, СЕРТИФИЦИРАН, без адитиви, вештачки бои и конзерванси. Без пестициди и други хемикалии. Житарките се добиени без употреба на вештачки ѓубрива. Без ГМО (генетски модифицирани организми). Со минимална употреба на сол.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ се добива со помош на природно кисело тесто, кое значително го подобрува квалитетот на лебот.
Од сегашното излагање може да заклучиме дека ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ на БИОВИТАЛ, од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето.
Совршено избалансираниот сооднос на составните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус.
Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерната работа.
- Со секојдневна употреба го намалува ризикот, во некој случаи го лекува дијабетесот тип 2.
-Има важна улога во спречување на белодробни заболувања.
- Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти.
- Го намалува ризикот од рак, срцев удар,тромбоза и дебелеење.
- Го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Спречува формирање на камен во бубрег.
- Ги спречува ревматските заболувања.
- Го намалува заморот и го подобрува видот .
- Ја подобрува лактацијата.
- Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење.
- Помага за правилен раст и плодност .
- Придонесува за побрзо зараснување на раните.
-Ја подобрува функционалноста на репродуктивните органи.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
8-KA:
Site informacii za zrnestiot leb moze da gi dobietie od proizvoditelot - dipl. inz. tehnolog Laste Mladenovski, kontakt tel. 075 660 289.
8-KA:
Site informacii za zrnestiot leb moze da gi dobietie od proizvoditelot - dipl. inz. tehnolog Laste Mladenovski, kontakt tel. 075 660 289.