БЕЛИОТ ЛЕБ КАКО ПРИЧИНА ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА МОДЕРНИТЕ ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА
Напишано од Младеновски Ласте - дипл. инж. технолог Вторник, 08 Јуни 2010 01:00
Со појавата на белиот леб, почнаа црни денови за човештвото. Најновите научни студии ја потврдија поврзаноста на модерните хронични заболувања, како што се кардиоваскуларните заболувања, ракот, дијабетесот, дебелината, алергиите, болестите на цревата и др., со консумирањето на белиот леб. Денес, како и со илјадници години наназад, лебот бил и е од посебно значење во исхраната на луѓето, зашто е главен извор за обезбедување на енергија. За несреќа, кај нас во 99 % доминира потрошувачката на белиот леб, а како последица се појавуваат сè поголем број на заболени лица.
Белиот леб го зголемува ризикот од срцеви заболувања ...
Ова го потврдува студија направена врз 47000 испитаници, со која е докажано дека го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 2,24 пати. Белиот леб претставува храна со висок гликемиски индекс (ГИ). ГИ преставува нумеричка скала со која се одредува со која брзина храната ја зголемува гликозата(шеќерот) во крвта. Високиот ГИ е штетен затоа што ги ослабнува внатрешните ѕидови на крвните садови, нивното слабеење може да доведе до артериосклероза и понатака до срцеви заболувања. Високиот ГИ во белиот леб го зголемува не само крвниот шеќер, туку и лошите мрснотии, триглицеридите, кои пак го намалуваат добриот холестерол, а со тоа го зголемуваат ризикот за добивање на срцеви заболувања и болести на крвните садови. Студијата понатака покажува и докажува дека јаглехидратите со низок ГИ, како што е зрнестиот леб добиен од цело зрно на житарка, не предизвикуваат заболувања.
При производството на белиот леб се употребуваат адитиви и конзерванси. Тоа се хемикалии, дел од нив нови, и старите, за кои по повеќедецениска употреба се докажа дека се штетни по здравјето на луѓето, и се забранети за употреба. Докажано е дека, покрај другото, предизвикуваат рак, алергии и други имунолошки заболувања. За новите хемикалии само времето ќе покаже колку е здравствено оправдана нивната употреба. Обично во практиката, по докажување на нивната штетност, се заменуваат со нови хемикалии, а во меѓувреме страда здравјето на луѓето.
Белиот леб дебелее, ова го покажуваат студиите. Високиот ГИ, т.е. високата концентрација на шеќер во крвта, дел се користи за енергетските потреби на организмот и се претвора во гликоген (резервен шеќер). Поголемиот дел, доколку сме физички неактивни, се претвора во масни наслаги.
Белиот леб ја забавува перисталтиката (движењето на храната низ цревниот тракт), со што предизвикува дивертикулоза, дивертикулитис (тоа се џебови во тенките црева), во кои заостанува храна и предизвикува инфекции, запек кој трае повеќе денови, со што ги задржува токсините во организмот и го труе.
ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ на Биовитал, наспрема белиот леб, се добива од органски житарки (пченица, ’рж, интегрален ориз), одгледувани на македонските полиња, со додаток на семки од тиква, сончоглед, лен, сусам. Изработен е со природно кисело тесто. Без адитиви, конзерванси, печен во земјана печка на дрва.ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето.
Совршено избалансираниот сооднос на составните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус.
Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерната работа.
- Со секојдневна употреба, го намалува ризикот, во некои случаи го лекува диабетесот тип 2.
-Има важна улога во спречувањето на белодробните заболувања.
- Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти.
- Го намалува ризикот од рак, срцев удар, тромбоза и дебелеење.
- Го намалува нивото на холестерол и триглицириди.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Спречува формирање на камен во бубрег.
- Ги спречува ревматските заболувања.
- Го намалува заморот и го подобрува видот.
- Ја подобрува лактацијата.
- Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење.
- Помага за правилен раст и плодност.
- Придонесува за побрзо зараснување на раните.
- Ја подобрува функционалноста на репродуктивните органи.
| Следно > |
|---|









Коментари
Ова повеќе ми личи на реклама, отколку на целосно добронамерна статија каде целта би била луѓето освен лошата вест да им се даде и излез, и тоа не да стане зависник од некоја компанија, но како сам да си набави, смели, замеси и испече леб.
Потребна е информација каде луѓето може да купат добро жито, каде може да го смелат. Или каде да си купат домашна мелница и да си мелат жито пред да прават леб.
Ако не тоа, каде да си купат вистинско брашно и како да си направат САМИТЕ леб итн итн