Младите треба правилно да ги насочиме!
Понеделник, 30 Јуни 2008 18:00
ДЕЈАН МАРИНКОВИЌ, СЕЛЕКТОРОТ НА НАШАТА ТЕНИСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПРВИОТ ТРЕНЕР НА „ТК ЈУГ“ ЗАДОВОЛЕН ОД ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА ЛУЃЕТО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО СПОРТ
- Ниту едно дете не е вратено одовде, на сите им се дава можност да пробаат да играат тенис.
- На тениските натпревари не е дозволено префрлање со зборови, фрлање на рекетот, и поради овие работи, кои ги применуваме и ние на нашите тренинзи, на децата им се зголемува чувството за култура на однесувањето.Дејан Маринковиќ, селекторот на нашата репрезентација во тенис и првиот тренер на „ТК Југ“, по долгогодишното искуство како спортски работник во земјава ни даде интересна слика за тоа како го гледаат луѓето тенисот кај нас. Одѕивот на помладите да се занимаваат со спорт е голем и треба да го искористиме и правилно да ги насочиме да се развиваат.
Само храбрите гласно говорат за вистината
Понеделник, 30 Јуни 2008 18:00
НАУКАТА РЕШИ ДА СЕ ОСЛОБОДИ СЕБЕСИ
(Текстот е пишуван според размислувањата на д-р Ноам Мор, физичар)
Ноам Мор (Ноам Мохр) е физичар, кој дипломирал на Универзитетот во Јејл. Како експерт, има работено на многу кампањи во Америка на полето на глобалното затоплување, публицирал неколку извештаи за глобалното затоплување и енергетско-економските стандарди, како: „Флерт со катастрофата“, „Пумпање на цените“, „Заканувачки удар“. Тој работи и како експерт за законодавство при „Хумано општество на САД“.
Блискост(а)
Понеделник, 30 Јуни 2008 18:00
ХУМАНО И КРЕАТИВНО УЧЕСТВО ЗА СЕСТРАНО ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ
Како што секому од нас му треба храна за да опстои, неопходна му е и психолошко- емоционалната дразба од родителот, односно топлата блискост и сигурност.
Колкумина би можеле да се пофалат со оваа доблест?
Кој би можел гордо да застане и да му заблагодари на сиот свет за тоа што растел и се развивал во благодатите на оваа емоционално топла средина- блискоста?
Секому во животот, кога се наоѓа во момент на важна животна одлука, му треба да го открие тоа чувство на блискост и доверба од родителот или, пак, од оној што се грижи за него.
За почетокот на една историја...
Понеделник, 30 Јуни 2008 18:00
ВЕЧНИ ЛЕГЕНДИ, ВЕЧНИ ГРАДОВИ И ВЕЧНИ МИСТЕРИИ
И барам знак, траги од страдање.
Дали е ова земјата по која Тој
Некогаш одеше.
Навистина ли го убија Оној
Што ги избра,
Што ги изведе од пустината,
О,Боже!
Зошто стојам скаменет
И немам таква сила,
Не верувам ли доволно
Ил неточно сум сфатил ...
Премин
Ерусалим, градот сместен меѓу ридовите Сион, Морија, Акра и Везет, Јерихон, најстариот град со најрано процветана цивилизација, Јордан, светата река, Мртво Море, Назарет, Витлеем. Сево ова наведува кон едно место, Израел, Божјата земја. А во неа Евреите, Божјиот народ.
Дишам, значи постојам
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Понеделник, 30 Јуни 2008 18:00
Релаксираното тело овозможува правилно, а телото под стрес неправилно дишење. Дишењето во чикунгот се смета за основна стратегија во чикунг практиката. Кога е правилен методот на дишење, умот го води чито многу ефикасно и делотворно. Поради ваквото сознание, чикунг дишењето било проучувано уште мниогу одамна. Така, во многу случаи методите за дишење биле чувани како строга тајна. Ова налагало ваквите техники за дишење да бидат пренесувани само усно, од колено на колено.
Прво ќе направиме анализа на тоа како е поврзана чи циркулацијата со дишењето.
Во традиционалната кинеска медицина постојат 12 основни меридијани и 8 екстрамеридијани, кои служат како “резервоари” на животната енергија.
Генерално зборувано, чи циркулацијата настанува природно и автоматски кај оние луѓе што немаат чикунг тренинг. Но добро извежбан чикунг поединец, користејќи ги мозокот и правилното дишење, може многу поефикасно да генерира и да ја придвижи таканаречената чи енергија во своето тело.
Повеќе Артикли...
Страница 76 од 77






