logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • Наскоро :
    ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА“
    на ТВ АЛФА
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • СЕМИНАР :
    10-12 Декември 2010
    „Програм Д-р Бибан“
  • 10 - дневен ЛЕТЕН ОДМОР
    Јуни - 2011
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“


во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Срцето - орган на нашите емоции

Напишано од Психолог - гесталт терапевт: Каролина Костадиноска Вторник, 30 Март 2010 10:34

„Низ срцево мое струи крв како лавина жешка,

ритамот е како коњаница со илјадита војска,

а јас само чекам да се отвори портата твоја,

мислам дека името „Љубов“  ти беше“.

Џозеф Милер

 

Современиот човек на сегашницата сè повеќе го доживува срцето како орган за бајпас или стен, заборавајќи дека илјадници години наназад тоа е центарот на душата или органот на љубовта.  Секако дека сите ние го доживуваме срцето како витален орган за нашето физичко здравје и  сериозно сме загрижени за  тахикардијата или аритмијата, но дали сте размислувале за неговата улога во емотивното функционирање?

Повеќе... Додади коментар
 

СЕВКУПНO СПОЗНАНИЕ - ИДНИНА

Напишано од Љупчо Спасевски Вторник, 30 Март 2010 10:31

 Во претходните броеви на 8-КА, во написите од  овој циклус, ви ги претставивме феномените на новото време. Таму, покрај другото, стана збор и за „будењето“ на новата генерација, кај која особено е развиен енергетскиот центар на интуицијата и на психичките способности. Такви примери има низ целата човекова историја. Особено значаен е фактот дека во втората декада од новиот милениум, „будењата“ ќе бидат сè позачестени.

ИДНИНА

Низ историјата, луѓето со таков сензибилитет  за простор,  време и други димензии ги нарекувале пророци. Посебно интересни се најстарите пророштва  од претпотопните цивилизации, од кои се останати само преданија и фрагменти во духовната литература на светските религии. Нивното дешифрирање е возможно само со спојување на фрагментите и фокусирање кон иднината. Тие пророштва јасно и недвосмислено говорат за нов духовен квантен скок во втората декада од новиот милениум и преминување на нов енергетски стадиум на комуникација и егзистенција.  Како ние ќе го почувствуваме тоа? Ова е можеби најдобро опишано во книгата „Бела ноќ“. Еве го тој извадок од книгата:

„ Тој го придржа и заедно отидоа до прозорецот. Кога погледна надвор,  виде еден нов прекрасен свет. Насекаде зрачеше љубов и убавина, па дури и сонцето имаше посебно убав и чуден сјај. Како многу повеќе бои од сончевиот спектар да беа видливи. Го отвори прозорецот и вдиша воздух со полни бели дробови. Утредента се прошета покрај езерото. Езерото, небото и природата се претопуваа во безброј прекрасни и топли бои. Тоа есенско претпладне градот беше раздвижен. Иако летото помина, сепак летните мешаници останаа. Сè наоколу делуваше весело и разиграно. Улиците и шеталиштето покрај езерото беа полни со народ. Сонцето се капеше во езерото. Тој полека чекореше  покрај брегот. Малите езерски бранчиња го милува песокот. На хоризонтот боите на водата и небото се прелеваа. Езерото пред него како да танцуваше“...

Повеќе... Додади коментар
 

КРЕИРАЈ ЈА СВОЈАТА СРЕЌА

Напишано од Весна Алексовска Вторник, 30 Март 2010 10:25

401
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

За да се чувствуваме среќни, ќе кажете, најмногу придонесуваат нашата материјална благосостојба, сигурноста и физичкото здравје. На ова прашање доста работеле и научниците, кои во своите истражувања потврдуваат дека духовните вежби можат да го изменат нашиот мозок на начин кој ја поттикнува среќата.

Тие објаснуваат дека мозокот е во непрекинато движење. Реагирајќи на дразбите, тој создава нови нервни патишта, исто како куќа во која се додаваат кабли во електричната инсталација која се користи повеќе, а каблите од некористените кругови се смалуваат или вадат. Така, ако сме склони на доживување на несреќа, ја зајакнуваме нашата мозочна инсталација за несреќа, и обратно. Науката сега ја пристигна духовноста, која ова го знае со илјадници години. Буда и другите духовни учители не поттикнувале да останеме во смирена состојба, зашто: „Она сме, што мислиме“. Такви какви што сме, настанува од нашите мисли. Со своите мисли го создаваме светот...

 

Повеќе... Додади коментар
   

УЛОГАТА НА ИНТЕРПОЛ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Напишано од Д-р Марина Малиш Саздовска Вторник, 30 Март 2010 10:20

399
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Интерпол, како меѓународна организација за борба против криминалот на глобално ниво и во светски рамки, ги поддржува и помага сите организации, власти и служби чија мисија е превенција и борба против меѓународен криминал. Во Интерпол членуваат 184 земји членки, чија примарна цел е собирање, споредување и размена на информации. Заради спречување и борба со еколошкиот криминал, 1993 година e формиран Комитет за еко-криминал, кој организира, меѓу другото, и меѓународни конференции за еко-криминал, помага во идентификување на проблемите поврзани со истрагите за еколошки кривични дела и идентификува решенија за спречување на овој тип казниви поведенија...

 

Повеќе...
 

РАФИНИРАНО РОПСТВО

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Недела, 28 Март 2010 18:17

396
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 2.67 од 5)

Еден од клучните моменти во потрагата по бројните хронични болести на денешните луѓе е нивната навика да консумираат рафинирана храна. Би се рекло дека можеби повеќе од 80% од припадниците на модерниот свет се зависници, односно заробеници на рафинираните вкусови на храната. Со таквата навика се поврзуваат модерните болести, како што се дебелината, карциномите, дијабетесот, срцевите болести. Фактот дека рафинираната храна е многу вкусна им помогна на производителите на храна и на адитиви за храна да добијат голем мотив за заработка. Така, таквата „слатка“ храна стана неприкосновена и барана на пазарот на зависници од неа, па нерафинираната храна почна да се избегнува добивајќи го епитетот на храна која има вкус на „како да јадеш картон, трева, трици...“

 

Повеќе... Додади коментар
   

Повеќе Артикли...

  • НАУКАТА КОЈА ЧЕКА НА НАС
  • ЈАТКИТЕ ДОАЃААТ ВО ТВРДО ПАКУВАЊЕ
  • НЕМА ДА СЕ ПЛАШИТЕ АКО ЗНАЕТЕ ДЕКА:
  • Поврзаноста помеѓу емоциите и внатрешните органи, според традиционалната кинеска медицина

Страница 10 од 77

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • Следно
  • Крај

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

РЕДОВНИТЕ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ (ПРОВЕРКИ) :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;