УЛИЧНАТА ПУМПА ВО ЛОНДОН
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Сабота, 28 Август 2010 16:39
Во фебруарскиот број на списанието „Кемикал ресрч ин токсиколоџи“ („Chemical Research in Toxicology“), 2010 година, беа објавени резултатите од истражувачката студија за „Ризиците од бакарот и железото по здравјето на луѓето за време на стареењето“.
Според резулатите од студијата, болестите кои се јавуваат во текот на страеењето на луѓето, како што се Алцхајмеровата болест и другите дегенеративни заболувања, артериосклерозата, дијабетес мелитус и други, може да се предизвикаат со влијанието на железото и бакарот од месото. Студијата покажала дека оние кои имаат поголем внес на бакар со храната, се всушност луѓето кои имаат застапено поголеми количини на месо во исхраната, и воопшто, тоа биле поголеми консументи на мрсна храна.ЕНЕРГЕТСКАТА МЕДИЦИНА ЛЕЖИ ВО СЕКОЈ ОД НАС
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Сабота, 07 Август 2010 21:18
Досега во 8-КА повеќе пати зборувавме за енергијата на животот и ја опишувавме на различни начини. Науката го прифаќа човековото енергетско поле како факт, иако фармацевтската медицина повеќе би сакала да се држи до економски повеќе одржлив модел, кој тие го експлоатираат во моментот. Имаме истражен ум и дух, и сме го научиле од древни системи на верување . Но, можеби сè уште е малку збунувачки за вас. Можеби некои повеќе би сакале да се обидеме да ставиме повеќе од западната интонација на јазикот на енергетската медицина. Но ве молам, прочитајте го овој текст со малку поголема концентрација. Ќе видите дека сè е многу лесно сфатливо и вие дури сте го знаеле тоа можеби од порано, но модерниот живот ве натерал да го игнорирате и да го заборавите, да го потиснете во потсвеста и никогаш повеќе да не го користите.ЛЕСНА МЕШАВИНА
Напишано од 8ka Среда, 30 Јуни 2010 20:54
Ова е мешавина лесна за подготовка, која може да се сервира врз претходно подготвен бунгур, ориз, пире или шпагети.
За подготовка на 4 оброци, потребно е:
- 300 грама варен и исцеден грав;
- 300 грама смрзната мешавина од зеленчук;
- ¼ чаша соја сос.
Се загрева гравот во вог тава, а потоа се додава и зеленчукот. Се зачинува по желба.
Нутрициска вредност за еден оброк е:
Калории: 163
Масти: 1,4
Заситени масти: 0,2 гр.
Калории од масти: 7,8 гр.
Холестерол: 0 мгр.
Протеини: 10,6 гр.
Јаглехидрати: 29,2 гр.
Шеќери: 2,8 гр.
Фибер: 7,5 гр.
Натриум: 1406 мгр.
Калциум: 96 мгр.
Железо: 4,1 мгр.
Витамин Ц: 42,2 мгр.
Бета каротен: 543 мкгр.
Витамин Е: 1,7 мгр.
ВИТАМИН „Д“ ТАБЛЕТИТЕ НЕ ПОМАГААТ КАКО ПРИРОДАТА
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 30 Јуни 2010 20:49
Според пораките кои секојдневно ги добиваме преку рекламите за млеко, маргарини и други производи, можеме да заклучиме дека прехранбената индустрија е „сериозно загрижена“ за недостатокот на витаминот Д кај потрошувачите, па затоа се труди нејзините производи да ги збогати со што повеќе витамин Д. Ако погледне ме во истражувачките факти, навистина тие говорат дека во светот постојат подрачја каде и до 40% од населението има недостаток од витамин Д. Шкотските доктори излегоа со податок дека само кај 2% од населението има доволни количини на витамин Д во организмот, а кај 47% од населението има силен недостаток од витамин Д.
Но, податоците се едно, а искористувањето на податоците е сосема друга работа. Така, ако информациите укажуваат на недоволно количество на витамин Д во организмот на луѓето, тоа не е оправдување витаминот Д да се надокнадува на несоодветен начин. Според авторите на истражувачката студија која беше публикувана на 2 март 2010 година, во „Аналс оф интернал медисин“ („Annals of Internal Medicine“), и покрај користењето на суплементи од витамин Д кај населението кое е дефицитарно со овој витамин, се верува дека недостатокот од витамин Д не може да се замени во доволна мерка со витамински суплементи, па тој сè уште недостасува кај поголемиот број на пациенти ...ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНАТА ХРАНА ЗНАЧИ ОТРОВ ВО СЕКОЈ ЗАЛАК
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Среда, 30 Јуни 2010 20:44
Џефри Смит, авторот на делото „Семе на Измамата“, зборува за големата опасност од генетски модифицираната храна по здравјето на луѓето и по здравјето на целата планета. И во својата втора книга „Генетски рулет: документирани ризици по здравјето од генетски модифицираната храна“, дава опсежни податоци кои зборуваат за тоа дека овој вид на храна не смее никогаш да биде произведуван.
Џефри Смит е извршен директор на Институтот за одговорна технологија, кој води активна кампања за правилна исхрана во Америка, чии главни поенти се едукација и поттик на населението да ја одбиваат ГМО храната...
Дали знаете што значи да се јаде генетски модифицирана храна? Можеби многумина не ги интересира потеклото на храната... можеби е важен само добриот вкус и ништо повеќе. Проверете дали претходниов месец имате купено и консумирано храна која е генетски модифицирана. Да видиме како ќе се чувствувате ако знаете неколку работи за генетски модифицираната храна, за кои порано не сте се интересирале ...Повеќе Артикли...
Страница 2 од 77






