БАЈАДЕРИ ОД УРМИ
Напишано од Кујната на 8-КА Среда, 31 Август 2011 18:58
За подготовка е потребно :
- 12 поголеми урми
- 50 грама лупени бадеми
- Половина чаша мелени ореви
- Две лажици какао
- Две лажици шеќер
- Половина чаша соја млеко
- Една лажица интегрален таан.
Во помало тавче се става соја млекото и се зашеќерува со две лажици интегрален шеќер. За оваа цел може да се користи и друго растително млеко, на пример, оризово или овесно млеко. Се додава и какаото и сето тоа се загрева со постојано мешање, за да се добие мазна чоколадна глазура без грутки. Штом таквиот изглед биде постигнат и мирисот на чоколадо се почувствува, глазурата треба брзо да се тргне од шпоретот за да не изгори. Дел од глазурата се префрла во посебен сад и се додаваат мелените ореви и таанот. Добро се промешува. Со тоа смесата за полнење на урмите е готова. Сувите урми се подготвуваат за полнење со тоа што се расекуваат со нож и се отсранува семката. Со мало лажиче се полнат со подготвениот фил и во секоја урма се вметнува по една јатка од лупените бадеми. Се поредуваат во сад за сервирање. Се комбинираат со овошје по желба и се залеваат со остатотокот од глазурата. Одозгора се посипуваат со толчени ореви или бадеми.
ПОЛНЕТИ ЈАБОЛКА
Напишано од Кујната на 8-КА Среда, 31 Август 2011 18:56
За подготовка е потребно :
- 4 големи јаболка
- 5 сечкани суви урми
- 2 лажички суво грозје
- 1 лажичка цимет
- Половина чаша ореви
- Половина чаша вода.
Јаболката се мијат и се лупат. Потоа се издлабуваат, односно се отстранува делот со семките. Излупените и издлабени јаболка се поредуваат во тавче за печење и се залеваат со половина чаша вода. Во посебен сад се подготвува филот со кој треба да се наполнат јаболката. За таа цел се комбинираат сечканите ореви и сувото грозје. Се додаваат и поситно исечканите суви урми. Се зачинува со малку цимет и добро се промешува. Со оваа мешавина се полнат празните делови од јаболката. Се ставаат да се печат во предходно загреана рерна.
ДОРУЧЕК СО ОРИЗ
Напишано од Кујната на 8-КА Среда, 03 Август 2011 18:31
За подготовка е потребно :
- Две чаши обарен интегрален ориз
- Едно ситно исецкано јаболко
- 1/3 чаша природен јаболков сок
- 2 лажици свеж лимунов сок
- Една ванила
- Цимет.
Сите состојки се мешаат одеднаш во сад за печење со капак. Се става во рерна и се пече околу 45 минути на 180 степени. Во текот на печењето еднаш се промешува. Се служи топло.
ДОРУЧЕК СО КОМПИР
Напишано од Кујната на 8-КА Среда, 03 Август 2011 18:26
За подготовка е потребно :
- Два печени во лушпа и излупени компири
- Две сецкани на коцки банани
- Едно рендано јаболко
- Малку кафеав шеќер
- Две лажици толчени ореви
- Цимет
Компирите се сецкаат на помали коцки и се мешаат со овошјето, а потоа им се додаваат оревите. Шеќерот се посипува одозгора на веќе сервираниот доручек. На крај се наросува циметот.
МЕДЕНА ОВЕСНА КАША
Напишано од Кујната на 8-КА Четврток, 30 Јуни 2011 22:01
Една банана, малку сецкани ореви, половина лажиче какао, половина лажиче интегрален сусам, овесни снегулки, едно лажиче мед.
Изгмечете ја бананата и додадете ги ситно сецканите ореви, какаото и интегралниот сусам. Кога добро ќе ја измешате смесата, додадете ги овесните снегулки и измешајте. Потоа залијте го сето тоа со зовриена вода и оставете го неколку минути додека омекнат овесните снегулки. На крајот додадете едно лажиче мед и измешајте.
За овој оброк наместо овесни снегулки можат да се користат и р`жани снегулки или мешавина од овесни и р`жани . . .
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 13






