logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Колку повеќе време за чај, толку повеќе време за живот

Среда, 22 Октомври 2008 04:54

104
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(14 гласа, просек 5.00 од 5)

Чајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и неговото консумирање е навика која сè повеќе се шири и опстојува, дури и во услови на современото живеење. Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е сè попопуларно денес. Според историските податоци, уживањето во пиење чај датира уште далеку пред 5000 години, во Кина. Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај Кинезите и Јапонците илјадници години наназад, но постои сознание дека и кај европските народи, навиката да се пие чај е стара можеби повеќе од 1500 години.

Постојат четири вида на чаеви кои се сметаат како главни групи на чаеви, а се направени од исти видови на тревки, односно растенија.

  • Белите чаеви се чаеви кои се едноставно само сварени тревки.
     
  • Зелените чаеви се кога тревката е исушена на воздух, обарена и исушена.
     
  • Олонг чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, кратко ферментирана и исушена.
     
  • Црни чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, добро ферментирана и исушена.


ЧАЕВИТЕ И ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Во студиите кои се правени со експериментални животни, пиењето чаеви резултира со губење на вишокот телесна тежина која била предизвикана со прекумерен внес на масти. Истовремено, таложењето на масни наслаги во абдоменот и црниот дроб се намалило. Лачењето на прекумерна количина на инсулин, состојба позната како хиперинсулинемија, исчезнала. (Зголеменото количество на излачен инсулин е состојба која се поврзува со здебелување). Истражувањата, чии резултати се публицирани во американскиот „Журнал за клиничка нутриција“, потврдуваат дека зелениот чај помага во забрзување на согорувањето на мастите. Споредбено, двете групи кои биле вклучени во експериментот покажале дека оние испитаници кај кои е даван зелен чај, покажувале многу поголема количина на потрошена енергија за 24 часа, за разлика од групата испитаници кај кои е даван плацебо. Третманот со кофеин во количество колку што го има во зелениот чај, не резултирал со губење на енергија онолку колку што е забелeжaно при давање на чај. Значи, чајот има специфичен ефект во смисла на губење на телесната тежина и „топење на мастите“, и заради тоа би требало да биде секојдневна навика, особено кај оние луѓе кои прават напори да ја намалат својата телесна тежина.

ЧАЕВИТЕ ПОМАГААТ ПРИ ДИЈАБЕТЕС
Според неодамнешната студија објавена во Diabetes Care, оолонг чаевите имаат способност да го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите кои се на терапија заради дијабет. Споредено со обична вода, чаевите го намалувале нивото на шеќер во крвта од 229 мг/дл на 162 мг/дл. Механизмот на кој чаевите го намалуваат нивото на шеќер во крвта не е познат, но се смета дека таквото нивно дејство се должи на способноста на полифенолите – супстанции кои се наоѓаат во чаевите да делуваат исто како и инсулинот, и на способноста да го намалуваат апсорбирањето на шеќерите од дигестивниот тракт.

ЗАЕДНИЧКОТО ДЕЈСТВО НА ЧАЕВИТЕ ГО СПРЕЧУВААТ РАКОТ, А МОЖНО Е И ДА ЛЕКУВААТ
Според бројни истражувања кои се работени досега произлегува дека можеби и не е толку неостварливо ракот да се лекува едноставно, евтино и безболно. Третманот на ракот кај луѓето е секогаш сврзан со многу пари, болни третмани и негативни ефекти од таквите третмани кои често се и директна причина за смрт на пациентите. Лекувањето со чаеви засега изгледа како шарлатанство, но сепак според многуте податоци зелениот чај е еден од од многуте чаеви кои можат да го подобрат квалитетот на животот на пациентот.
Навиката да се пие чај во источните земји, особено во Кина и во Јапонија се поврзува со намалената инциденца на појава на карциноми кај овие нации и намалениот ризик од атеросклероза исто така. Луѓето кои имаат навика да пијат повеќе чај, имаат помала инциденца на јавување на карцином на хранопроводник и на дојка. Многу надежни и ветувачки се истражувачките податоци кои укажуваат на тоа дека консумирањето на поголеми количини чај се поврзува со намалена појава на карцином на кожа, бели дробови, црн дроб и панкреас, кај животни.

МЕХАНИЗАМ НА АНТИКАРЦИНОМСКОТО ДЕЛУВАЊЕ НА ЧАЕВИТЕ

  • Го инхибира растот на тумурите
  • Обезбедува антиоксидирачки процеси
  • Го инхибира абнормалното пролиферирање на клетките
  • Дозволува редовна и нормална обнова на изумрените клетки (апоптоза)
  • Го инхибира крвното снабдување на тумурското ткиво


Дури и мали концентрации на активната компонента од чаевите (epigallocetechin 3-gallate) во крвта може да го сопре развојот и ширењето на тумурското ткиво, преку еден од гореспоменатите механизми на дејство. Ефективните дози на активните супстанции кај чаевите може да се достигнат со дури помалку од 2 до 4 чаши чај дневно. Ова е особено важно за луѓето кај кои веќе има дијагностицирано карцином. Консумирањето на зелен чај во количина од три чаши дневно, се покажа дека го продолжува времето на повторна (рецидивна) појава на карцином на дојка кај околу една третина од пациентките.

ЗАШТИТА ОД ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК И СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Чајот може да доведе до покачување на крвниот притисок веднаш после неговото консумирање, но сепак, за подолго време во текот на денот, чајот делува во правец на намалување односно стабилизација на крвниот притисок. Истовремено бројни испитувања покажаа дека чајот има антивоспалително, антитромботично дејство како и способност да го намалува нивото на холестерол во крвта. Тоа е во прилог на намалување на ризикот од појава на атеросклероза и срцев удар. Бенефициите во однос на крвните садови и нивно одржување во прилики на консумирање на чаеви се резултат и на способноста на чаевите да ги спречуваат оксидативните процеси на веќе создадените атеросклеротични наслаги во крвните садови.

ДРУГИ ПРИДОБИВКИ ОД КОНСУМИРАЊЕТО НА ЧАЕВИТЕ
Чаевите имаат способност да штитат од дегенеративни болести на мозокот и на нервниот систем, како што се Паркинсовата болест и Алцхајмеровата болест. Зелениот чај по сè изгледа дека има ублажувачко дејство врз дигестивниот тракт, особено врз желудникот за разлика од кафето и од кафињата без кофеин кои имаат особина да ја дразнат слузницата на желудникот предизвикувајќи воспаление. Наспроти нив, чајот го спречува хроничното воспаление на желудникот. Чајот исто така делува и антивирусно и антибактериски.
Чајот има и пријатен вкус на кој луѓето лесно се навикнуваат. Но некои чаеви имаат и некои „атрактивни својства“, па дури и зелениот чај, а тоа е присуството на кофеин кој придонесува за надминување на поспаноста и стимулирање на работоспособноста кај луѓето.

Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои имаат навика да пијат чаеви, живеат подолго од оние кои не пијат. Ако го додадете чајот како пијалок на вашето дневно мени кое е составено од здрава, немрсна, претежно растителна храна, вие ќе ја имате најдобрата одбрана која ја познава денешната наука, која ќе ги држи тешките болести далеку од вашето тело.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.