Мексиканска грав чорба
Вторник, 04 Ноември 2008 06:41
Дали знаете дека гравот е исклучителна и многу почитувана храна кај јужноамериканците? Тоа е една од основните прехранбени производи кај многу народи. Кај нас се смета како храна за сиромашните луѓе, но сепак тоа е храна за паметните и интелигентни луѓе.
За ова јадење ви е потребно:
350 грама црвен мексикански грав,
разновиден зеленчук – брокула, морков, кромид, тиквичка, модар патлиџан, домати, пиперка (практикувајте да имате помали пакувања од ваков разновиден, сецкан зеленчук во вашите фрижидери за длабоко замрзнување, за да можете да подготвувате побрзо, особено во текот на зимскиот период; во летниот период и наесен, кога зеленчукот го има во свежа состојба, подобро е да го подготвувате свеж, не смрзнат)
малку нане,
црн пипер,
био зачин,
мало лажиче ленено семе.
Подготвување:
Во еден сад за варење, сварете го гравот.
Во друг сад за варење, сварете го целиот зеленчук, предходно исчистен и исечкан на поситни парчиња.
Исцедете ја водата од гравот и ставете го во посебен сад, а исто така, исцедете го и зеленчукот, но водата во која се варел зеленчукот не ја фрлајте, туку претурете ја во тенџерето во кое ќе се вари чорбата.
Ставете го сварениот зеленчук и малку повеќе од половина од сварениот грав во блендер за миксање. Изматете. Изматената смеса додадете ја на течноста во која се варел зеленчукот и добро измешајте. Потоа додадете го и остатокот од гравот и лененото семе. Тоа добро треба да проврие.
Пред крај зачинете со малку нане, црн пипер, био зачин.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари