Брз, сладок, здрав намаз за вас и за вашето дете
Петок, 28 Ноември 2008 05:11
Често се случува децата да бараат сладок намаз на лепчето за појадок или за вечера, токму кога не сте набавиле ништо слично или едноставно не сте направиле никакво слатко или мармалад. Но затоа, секој родител кој се грижи за здравјето на своите деца и внимава како се хранат тие, може брзо да се снајде и за две – три минути да подготви сладок и вкусен домашен меден „еурокрем“.
Подготовка:
Измешајте две – три лажици мед со една лажица сусамов таан. Додадете две – три растопени коцки посно чоколадо за готвење (ако немате, може да додадете малку какао), и две големи лажици мелени лешници или мелени ореви.
Колку само да ве потсетиме: ваков „еурокрем“ можете да имате веќе подготвен во фрижидер и неколку лажичиња од него да додадете на претходно варениот ориз, со што на вашите најмили ќе им понудите вкусен и меден сутлијаш.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари