logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

„Твиги“ ќовтиња

Петок, 28 Ноември 2008 05:13

165
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(5 гласа, просек 5.00 од 5)

Можеби ви остана од оризот подготвен за ручек или за вечера? Не сте сигурни дали ќе може да го понудите и следниот ден бидејќи вашата фамилија не би била воодушевена ако двапати и се понуди исто јадење? Што би можеле да направите, за да го искористите оризот подготвен во тавче, а сепак да имате нешто ново и вкусно, и пред сè здраво „веган“ јадење?

Ништо полесно:

Земете две свежи тиквички, излупетете ги и изрендајте ги на ренде. Истото направете го и со 5 – 6 свежи моркови.

Тиквичките оставете ги неколку минути да се исцедат од вишокот течност, или едноставно – истискајте ги на цедалка. Изрендајте една главица кромид и ситно исецкајте половина „китка“ магдонос. Исецкајте и 50 грама маринирани шампињони.

Измешајте ги сите намирници заедно (тиквичките, морковите, кромидот, шампињоните и магдоносот) и додадете го оризот кој ви останал од претходниот ден.

На целата смеса додадете и 50 грама „тофу“ сирење, кое претходно сте го измиксале со малку соино млеко. Ова има за задача покомпактно да ја сврзе смесата за ќовтиња.

Смесата зачинете ја со „гомасио“ – зачин од интегрален сусам, малку био – зачин, црн пипер и буковец, по желба. Измесете сè убаво со дрвена лажица, а потоа со рака формирајте ќовтиња. Ставете ги во тавче, на алуминиумска фолија, и печете ги во рерна на 200 степени, околу 40 минути.

Ќовтињата можете да ги сервирате со домашен сос од домати.

Не стеснувајте се да изедете онолку колку што сакате од овие брзи „твиги“ ќовтиња. За разлика од ќовтињата на кои сте навикнале и кои ги подготвувате од мелено месо и зачини, од овие ќовтиња вашата „твиги“ линија ќе остане иста, или ако сè уште не сте ја достигнале, во тоа ќе ви помогнат токму ваквите „твиги“ ќовтиња.


< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.