Еве и нешто солено
Понеделник, 30 Јуни 2008 19:00
ЗЕЛЕНО РИЗО
Време за подготовка 60 минути.
3 чаши вода,
1 чаша интегрален ориз,
250 грама сечкани печурки (шампињони),
1 чаша млад грав,
½ килограм исчистен и издробен спанаќ,
млад лук,
2 лажици соин сос.
Во водата, која е пред вриење, додајте го исчистениот ориз, пртдходно потопен во вода. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата, покријте го садот и оставете го околу 45 минути. Тргнете го од шпоретот и оставете да се „одмори“ околу 15 минути.
Во тавче за готвење ставете ги печурките и малку млад лук со малку вода и нежно мешајте на слаб оган околу 5 минути. Додајте ги младиот обарен грав и спанаќот, покријте го садот и гответе на слаб оган околу 3 – 4 минути додека не свене спанаќот. Додајте го сосот од соја. Сево ова измешајте го со претходно подготвениот ориз. Можете да зачините по желба со биозачин, со рузмарин, со црн пипер, во зависност од видот на кујната што ја обожавате. Македонската кујна „дозволува“ и мелен буковец, сушен или свеж магдонос, оригано.
| < Пред | Следно > |
|---|






