logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Пире од компири со печурки во сос

Напишано од 8ка Вторник, 16 Декември 2008 06:05

194
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 4.67 од 5)

Ова јадење се подготвува многу брзо за вас или за вашите ненадејни гости, кои дошле за време на ручекот. За негова подготовка ви се потребни само дваесетина минути. Пирето од компири и печурките во сос можете да ги подготвувате истовремено. 

За подготовка на јадењето ви е потребно:

  • 3 - 4 поголеми компири,
  • 1 децилитар соино млеко,
  • 1 тегла маринирани шампињони,
  • 2 моркова,
  • малку ленено семе,
  • две супени лажици хопла за сос,
  • една рамна супена лажица бело брашно,
  • зачини по вкус.

Излупените компири и исечкани на четвртинки или уште поситно, ставете ги  во тенџере да се варат. 

Во друго тенџере ставете ги претходно исплакнатите печурки од тегла и налејте ги со вода, (водата треба да ги покрие печурките, односно еден прст над нив), и ставете ги на оган да зовријат. Морковите насечкајте ги на тенки тркалца или на ситни коцки, (како за руска салата), и додајте ги на печурките да провријат. Додајте и половина лажиче ленено семе. Сето тоа нека врие петнаесетина минути на средна температура, да се вари полека. 

Во помал сад ставете го брашното и налејте го со хопла за сосови, додајте уште малку ладна вода и убаво измешајте ја смесата додека не стане хомогена. Тргнете го тенџерето со печурките од огнот и додајте го растворот со хоплата со постојано мешање. Тенџерчето повторно вратете го на тивок оган уште пет минути. Додајте зачин по желба – биозачин, црн пипер, малку буковец, наросете малку сув рузмарин и сечкан свеж магдонос. 

Компирите, кои се сварени во меѓувреме, тргнете ги од огнот и истурете две третини од водата. Потоа изгмечете ги со толчник. На недоизгмечените компири додајте го млекото од соја и повторно гмечете. За да добие пирето пенест изглед, можете да употребите и миксер. На крајот посолете го со биозачин (може и со вегета), малку црн пипер и несолено гомасио (зачин од сусам).

Сервирајте го пирето на чинија и озгора наронете му малку тофу. 

Пирето со печурките во сос се јаде со изобилие свежа салата од сезонски зеленчук.{/reg}

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.