logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Топла салата со наут

Среда, 24 Декември 2008 06:28

211
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 4.25 од 5)

Оваа салата ја јадев во еден од нашите ресторани, и бев пријатно изненадена од избалансираниот вкус кој го овозможува. Во домашната кујна ја подготвив малку модифицирана.

Потребни состојки за две порции:

1 главица поголем кромид;

8-10 зелени свежи пиперки;

2 моркова;

1 тиквичка;

200 гр. сварен наут;

100 гр. Сусам;

сол, црн пипер, маслиново масло и масло од семки од тиква;

по потреба, за вкус, сварена везена пиперка.

Подготовка на наутот:

Наутот треба да отстои една вечер потопен во вода и наредниот ден е потребно да се вари 1,5 до 2 часа, на почетокот, на појака температура, додека не се собере пената од варењето, и после се намалува температурата.

Подготовка на топлата салата:

Мешавината од маслата се загрева во обична или вок тава, се додава кромидот исечен на тенки полумесечинки, потоа се додаваат исечканите моркови и исечканите пиперки во вид на ленти. По кратко пропржување, се додава исечканата тиквичка и се додава малку сол, за да излезе водата од зеленчукот, во која тој кратко се динстува. При крајот се додава лутото везено пиперче и сварениот наут и смесата се остава да се хомогенизира. Во посебен сад се потпечува сусамот, се толчи и на крај се додава во топлата салата, заедно со солта и црниот пипер. Салатата може да служи како предјадење, како прилог на јадењето или како главно јадење.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.