ЧОРБА ОД ПАШКАНАТ
Петок, 06 Март 2009 01:41
Состојки:
1 страк праз,
2 моркова,
пола главица пашканат,
2 компири,
2-3 корени пашканат,
2 чешниња лук,
маслиново масло, сол и црн пипер,
зачини по желба.
Се потпржува/динста исечканиот праз и лукчето. Потоа се додаваат исечканиот морков, пашканат, целер и компир и се додава топла вода. Исто така додаваме и сол, биозачин, црн пипер и зачинска тревка по желба. Оваа смеса се вари додека не се сварат парчињата зеленчук. Откако ќе се сварат, целата смеса се блендира и се враќа повторно во садот за готвење, каде дополнително се додава топла вода, доколку смесата е премногу густа. Откако ќе зоврие уште 5 минути по блендирањето, се сервира и се зачинува со исечкано младо кромитче и препечен леб.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари