Гвакамоле
Четврток, 26 Март 2009 13:34
Овој рецепт е инспириран од кујната на моите пријатели од Мексико кои гвакамолето го користат скоро во секоја комбинација на храна. Гвакамолето е многу освежителен и хранлив додаток на мезето или предјадењето.
Потребно состојки:
3 авокада со средна големина;
2 домати;
сок од пола зелен лимон;
главица кромид;
сол и црн пипер.
Авокадото се чисти и се гмечи во садот во кој ќе се подготвува гвакамолето. Се додаваат ситно исечканите домати, ситно исечканиот кромид и сокот од пола зелен лимон. Се додава сол и црн пипер по желба и целата смеса се меша. Се служи како предјадење или мезе со пченкарен чипс или со зачинети и потпечени лепчиња.
| < Пред | Следно > |
|---|






