МАКЕДОНСКА САЛСА
Среда, 01 Април 2009 10:10
Нашата македонска кујна, со одредени состојки кои често ги користи, се доближува до мексичката кујна. Така, ова јадење е едно од тие кое можеме да ги искористиме и во нашата кујна.
Потребни состојки:
3 големи домати;
4-5 мали лути пиперчиња (попознати како чили-пиперчиња);
1 кромид;
2-3 чешниња лук;
магданос;
сок од 1 зелен лимон;
сол, црн пипер;
вода по потреба.
Доматите и пиперчињата се потпечуваат во рерна. Се лупат и се ставаат во блендер, се додава исечканиот кромид, лукчето, магданосот, сокот од зелен лимон, сол и црн пипер и се блендира. Се додава вода, доколку е густо. Се служи со пченкарен чипс, интегрални крекери, а исто така оставено во фрижидер, се користи како додаток на сендвичи.
| < Пред | Следно > |
|---|






