ЗЕЛЕН СВЕЖ АЈВАР
Среда, 08 Април 2009 02:00
Потребни состојки:
3 средни парчиња модар патлиџан;
3-4 мали лути пиперчиња;
2 обични зелени/црвени пиперки;
2-4 чешниња лук;
магданос;
1-2 лажички сенф;
маслиново масло;
сол и црн пипер.
Модриот патлиџан и пиперчињата се потпечуваат во фурна или во тавче или на алуминиумска фолија ставена на решетката од фурната. Можете модриот патлиџан да го пресечете на половина и така да го печете. Се лупат, сечкаат и се блендираат. На смесата се додава сенфот, маслиновото масло, исечканиот лук, магданосот, сол и црн пипер, и повторно се меша смесата, се блендира. Се служи со пченкарен чипс, интегрални крекери, а исто може да се складира во фрижидер и да се користи како додаток на сендвичи.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари