ПОСНО РИЗОТО
Напишано од 8ka Сабота, 02 Мај 2009 09:26
- 1 кромид;
- 1 исечкан морков;
- пола пашканат;
- пола главица свежа зелка, исечкана;
- 1 шолја бел/интегрален ориз;
- магдонос;
- 2 чешниња лук;
- мајчина душица, сол, рузмарин, црн пипер и ловоров лист.
Се динстаат кромидот, пашканатот, морковот и зелката околу 20 мин. Им се додаваат зачините и оризот. Се доварува заедно со постепено додавање на вода или вегетаријански бујон. На крај, откако смесата ќе се соедини, се додава ситно исечкан лук и многу магданос.
Се сервира во чинија и се декорира со ситно исечкан млад кромид.
| < Пред | Следно > |
|---|






