УТРИНСКИ КОМПИРЧИЊА
Напишано од 8-KA Недела, 21 Јуни 2009 15:34
Потребно е:
Три средно големи излупени компири
Една главица кромид средна големина
4 кафени лажици соја сос
½ кафена лажичка буковец
¼ кафена лажица бибер
5 – 6 мали цреша-доматчиња
Една чаша сецкан праз
1 – Исечкајте ги компирите на коцки и варете ги на пареа околу 10 минути. Потоа тргнете ги од оган.
2 – Загрејте околу ¼ чаша вода во тавче и додадете го сецканиот кромид. Варете го со лесно мешање се додека не испари целата вода и кромидот не почне да се лепи за тавчето. Потоа додадете уште ¼ чаша вода и варете додека не испари и таа вода и кромидот повторне не почне да се лепи за тавчето. Истото повторете го и трет пат или повеќе пати додека кромидот не стане кафеав и сладок. Оваа постапка треба да ви одземе околу 15 минути.
3 – Додадете ги компирите во тавчето со кромидот и залејте ги со соја сосот, додадете го буковецот и биберот. Мешајте лесно со дрвена спатула, се додека компирот не добие убава златно кафеава боја. Кога е готов се гарнира со доматчињата и со ситно сецкан праз
4 – Ако сте направиле поголема количина, можете да ја чувате во затворен (стаклен) сад во фрижидер и до три дена. Ова јадење може да се кристи и како прилог со тавче гравче или да се јаде со кечап-сос.
Со ова јадење ќе внесете:
- 128 калории
- 0,2 гр. Масти
- 0,1 гр. Заситени масти
- 1,7 калории со потекло од масти
- 0 мг холестерол
- 3,1 грам протеини
- 29,9 грама јагленихидрати
- 2,7 грама шеќер
- 4,1 грам фибер
- 309 мг натриум
- 39 мг калциум
- 2,7 мг железо
- 19,5 мг витамин Ц
- 89 мг бета каротен
- 0,2 мг витамин Е
| < Пред | Следно > |
|---|






