ДЕСЕРТ ОД ЈАГОДИ
Напишано од 8-KA Вторник, 14 Јули 2009 14:28
Овој десерт од јагоди може да се јаде сам или во комбинација со вашите омилени палачинки, овошни салати или интегрални колачиња.
За четири лица потребно е:
половина чаша непечени индиски оревчиња; три лажици природен сок од јаболко; две чаши свежи или смрзнати јагоди. Потопете ги оревчињата во вода и оставете ги да стојат околу час и половина. Потоа сите состојки заедно изгмечете ги во блендер, за да добиете мазна кремаста структура. Потоа ставете ја во фрижидер околу еден час, пред да ја послужите.
8 грама масти; 1,4 грама заситени масти; 52,7% калории од масти;
0 милиграми холестерол;
3,2 грама протеини;
15,3 грама јаглехидрати;
9,5 грама шеќер;
2,2 грама влакна (фибер);
6 милиграми натриум;
20 милиграми калциум;
1,4 милиграми железо;
41,2 милиграми витамин Ц;
17 микрограми бета-каротен;
0,2 милиграми витамин Е.
| < Пред | Следно > |
|---|






