logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ОВЕСНИ ПАЛАЧИНКИ

Напишано од 8-KA Вторник, 21 Јули 2009 13:04

331
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(5 гласа, просек 4.20 од 5)

За 10 палачинки потребно е: 

  • Една чаша овесно брашно
  • ¼ чаша интегрално пченично брашно
  • ½ кафено лажиче прашак за пециво
  • 1/8 кафено лажиче сол
  • Една чаша соја млеко или друг вид растително млеко
  • Една гмечена банана
  • ¼ чаша толчени ореви
  • Една лажица јаворов сируп
  • 1, ½ лажица јаболков природен оцет

Во сад измешајте го овесното брашно, пченичното брашно, прашокот за пециво и солта.

Во друг сад измешајте го млекото од соја (или друго растително млеко), гмечената банана, толчените ореви, јаворовиот сируп и оцетот.

Смесата од брашна додавајте ја на смесата со соја млекото и постепено мешајте за да се добие што похомегена смеса.

Загрејте на средно силен оган нелепливо тавче и почнете да ги правите палачинките. Печете ги од едната страна додека не се појават мали меурчиња, а потоа превртете ги и од другата страна (околу 1 минута).

 Може да се послужат веднаш или да се чуваат во покриен сад во фрижидер 2 – 3 дена.  

Ова се особено вкусни палачинки ако се послужат со парчиња овошје и јаворов сируп.

 

Покрај тоа се исклучително здрав оброк, заради содржината на:

  • 78 калории
  • 1,1 гр. масти
  • 0,2 гр. заситени масти
  • 13,1 калории од масти
  • 0 гр. холестерол
  • 3 гр. протеини
  • 14,8 гр. јаглехидрати
  • 3,5 гр. шеќер
  • 2 гр. фибер
  • 107 мг натриум
  • 38 мг калциум
  • 0,8 мг железо
  • 1,1 мг витамин Ц
  • 3 мкгр. бета каротен
  • О,4 мг витамин Е.

 

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+1 # Викторија 21.08.2011 17:46
Здраво!

Сакам да прашам дали во овој случај овесното брашно може да се замени со овесни снегулки?

Бидејќи не можам да најдам овесно брашно, ниту пак некој други намирници кој што вие ги користете (како сладок компир,ѓумбир и сл.)

Од каде ги набавувате?

Благодарам однапред! :)
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
0 # Данка Тасевска 04.03.2012 19:42
Рецептот е феноменален! Конечно кај нас најдов овесно брашно, во Тинекс, на "Аронија"-Велес, и веднаш ги направив, иако рецептот го гледав од многу одамна. Палачинките се прсти да изедеш!
Јас наместо интегрално пченично брашно употребив брашно од спелта, а наместо прашок за пециво - сода бикарбона, друго се направив како во рецептот, но го помножив со 2, бидејќи дозата е малку за една фамилија! Ова сигурно ќе го правам пак!!! Благодарам за прекрасната идеја!
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.