СЛАТКО КИСЕЛКАСТ ГУЛАШ
Напишано од 8ka Среда, 07 Октомври 2009 19:11
Овој рецепт содржи целер, а целерот е богат со лутеолин, за кој е докажано дека ги убива карциномските клетки во дебелото црево. Кога еднаш ќе го поготвите овој гулаш, многу лесно и брзо ќе го подготвувате повеќе пати, бидејќи се е така едноставно и лесно. Тајната на практичното и брзо подготвување на ова јадење е да го подготвите за комбинирање целиот зеленчук предходно, а потоа се се одвива за миг.
За подготовка е потребно:
Две лажици сусам
¼ чаша томато сос
½ чаша сок од јаболко
½ чаша сецкан ананас
2 лажици соја сос
2 лажици оцет
Една и пол лажичка пченкарен скроб
¼ лажичка бибер
Еден ситно сецкан кромид
¼ чаша бујон од зеленчук
4 до 5 чешниња сецкан лук
Една чаша надолго сецкан целер
Еден надолго сецкан морков
Една зелена бабура сецкана по должина на ленти
2 лажици свеж босилок или ½ лажица сув
¾ чаша вода
2 чаши сецкани печурки
Подготовка:
Сусамот се става во сува тава и се „тостира“ на средна температура, додека семчињата не почнат да потскокнуваат (2 – 3 минути). Се тргаат на страна
Во посебен сад се комбинираат доматниот сос, јаболковиот сок, ананасот, соја сосот, оцетот, пченкарниот скроб и црниот бибер. Сето тоа добро се меша и се остава на страна.
Во вог тава или сличен сад се продинстува кромидот со бујонот од зеленчук, додека не омекне.
Потоа се додаваат лукот, целерот, морковот, бабурата, босилокот и водата. Се динста сето тоа со повремено мешање околу 2 – 3 минути, додека зеленчукот не омекне. Се додаваат печурките и сејтанот и повторно се динста со повремено мешање додека не омекнат печурките. Потоа се додава предходно подготвениот сос и се меша на потивок оган се додека не се згусне, односно околу 2 – 3 минути. Се сервира во чинија и се попрскува со сусамот.
Остатокот од јадењето може да стои во покриен сад во фрижидер до три дена.
Нутритивна вредност:
Во една чинија има:
113 калории
1,7 гр. Масти
0,2 гр. Заситени масти
13,4% Калории од масти
0 мг. Холестерол
7,8 гр. Протеини
18,2 гр. Јаглехидрати
11,5 гр. Шеќер
1,8 гр. Фибер
353 мг Натриум
40 мг. Калциум
1,4 мг. Железо
15,9 мг. Витамин Ц
703 мкг. Бета-Каротен
0,3 мг. Витамин Е
| < Пред | Следно > |
|---|






