КРЕМАСТО МАКАЛО ОД СПАНАЌ
Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 05:18
Ова кремасто и необично јадење богато со растителни влакна (фибер) може да се послужи како одлична паштета за мачкање или како салата за вашите гости.
Една и пол чаша обарен и исцеден бел грав
Четврт чаша вода
Една супена лажица исцеден сок од лимун
½ чаша салса
Еден килограм обарен и исцеден спанаќ, ситно исецкан
Една лажица сушен кромид
Биозачин
Подготовка:
Гравот се залива со водата и се гмечи со гмечалка за пире или се микса со блендер додека не се добие мазна смеса.
Се додаваат сите други состојки и целата добро измешана смеса се става во фрижидер околу еден час пред да се сервира.
Нутритивна вредност:
Во еден оброк или 1/10 од од оваа паштета има:
61 калорија
0,3 гр. Масти
0,1 гр. Заситени масти
3,8% калории од масти
0 мг холестерол
4,2 гр. Протеини
11,3 гр. Јаглехидрати
1 гр. Шеќер
2,9 гр. Фибер
410 мг. Натриум
62 мг. Калциум
1,6 мг. Железо
3,9 мг. Витамин Ц
1552 мгр. Бета-Царотен
1,1 мг. Витамин Е
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари