МАЛИНОВ ПРЕЛИВ ЗА САЛАТА ЗА ОНИЕ СО ПРЕФИНЕТ ВКУС
Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 05:20
Овој салатен прелив е одлично освежување за секоја свежа салата, особено за оние со префинет вкус. Истовремено е погоден не само за оние кои знаат да одберат вистински вкус, туку и за оние кои преку вкусовите знаат да одберат и здравје.
Две чаши свежи или смрзнати малини
Две мали лажици сенф
12 лажици природен вински оцет
Една лажица свеж ситно сецкан рузмарин
12 мали лажици јаворов сируп
Сол, бибер
Подготовка:
Малините се миксаат со блендер и подготвеното пире од малини се претура во соодветен сад.
Во сенфот се додаваат рузмаринот, малку сол и малку бибер. Потоа се додаваат една по една лажица од винскиот оцет и се пробува за да се „подеси“ според вкусот. Тоа се меша со изматените малини и се додава јаворовиот сируп.
Овој прелив може да стои во добро затвотен сад 2 - 3 три дена во фрижидер.
Нутритивна вредност:
Во 2 лажици од преливот има
22 Калории
0,3 гр. Масти
0 гр. Заситени масти
11,8% Калории од масти
0 мг. Холестерол
О,5 гр. Протеини
4,7 гр. Јаглехидрати
2,2 гр. Шеќер
2,1 гр. Фибер
179 мг. Натриум
10 мг. Калциум
0,3 мг. Железо
8,2 мг. Витамин Ц
10 мкг. Бета-Каротен
0,3 мг. Витамин Е
| < Пред | Следно > |
|---|






