logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

КРЕМАСТА СУПА ОД СЛАДОК КОМПИР

Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 14 Март 2010 21:25

387
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 4.75 од 5)

Ако одлучите денес да ја подготвите оваа супа, тогаш бидете сигурни дека ќе внесете многу бета-каротени и други хранливи состојки, кои се способни да се борат против предизвикувачите на карцином на дојка, но и против веќе дијагностицираниот карцином.

 

 

За подготовка на 6 оброци е потребно:

4 ½ чаши бујон од зеленчук;

1 чаша сечкан кромид;

2 лажички кари во прав;

5 чаши излупен и исечкан сладок компир;

1 чаша вода;

1 чаша растителен јогурт;

½ чаша сечкан свеж магданос.

 

Загрејте на оган во тенџере ½ чаша од бујонот од зеленчук. Потоа додадете го кромидот и карито и варете го со мешање околу 2 минути. Потоа додадете го остатокот од бујонот, слаткиот компир и водата. Варете околу 30 минути или сè додека компирот добро не омекне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се лади.

Одземете една третина од компирот и ставете го во блендер и измиксајте го додека не стане мазна маса. Оваа постапка повторете ја со останатиот компир, сè додека не го измиксате целиот. Потоа целиот компир вратете го во тенџерето и варете го со повремено мешање, до пред вриење, а потоа тргнете го од оган. На крај додадете го растителниот јогурт и мешајте додека не се изедначи целата супа.

Откога ќе сервирате во чинија, додадете одозгора од остатокот од јогуртот и посипете со сечканиот магданос.

Оваа супа може да се чува во фрижидер во добро затворен сад и до три дена.

 

НУТРИЦИСКА ВРЕДНОСТ:

 

Еден оброк содржи:

177 калории;

1,4 гр. масти;

0,2 гр. заситени масти;

7,1% калории од масти;

0 мг. холестерол.

 

4,9 гр. протеини;

37,5 гр. јаглехидрати;

12,9 гр. шеќери;

4,5 гр. влакна (фибер).

 

770 мг. натриум;

128 мг. калциум;

1,8 мг. железо;

25,4 мг. витамин Ц;

13266 микрограма бета-каротен;

1,3 мг. витамин Е.

< Пред   Следно >

Коментари 

 
0 # maca kostoski 25.06.2011 17:16
Od kade go nabavuvate slatkiot kompir ?
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.