logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ

Напишано од Кујната на 8-КА Вторник, 30 Март 2010 11:39

405
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(7 гласа, просек 4.43 од 5)

Ова јадење е идеално за вашите најавени гости бидејќи можете да го подготвите порано, а пред да го сервирате, ќе можете само да го подгреете. Со овој прекрасен вкус истовремено ќе можете да им покажете на вашите пријатели колку добро и здраво се храните, но истовремено да ги натерате и нив да тргнат по патот на вистинското здравје.

 

За 20 полнети печурки потребно е:

¼ чаша неварено просо;

¾ чаша вода;

300 грама обарен и исечкан спанаќ;

20 големи печурки шампињони, исчистени и со отстранети дршки;

2 лажици мелени ореви;

2 лажички сушен кромид;

2 лажички сушен лук (прашок);

¾ лажичка сол;

1 лажица соја сос;

1 лажица оцет (вински или јаболков);

2 чешниња ситно сечкан лук;

1 страк ситно сечкан праз;

1 лажичка босилeк, сушен;

1 лажица сусам.

 

ПОДГОТОВКА

Се вари просото во водата до вриење, а потоа се намалува огинот и на тивка температура останува уште 30 минути, или додека не се апсорбира целата течност.

Потоа се става спанаќот во преса и се стиска одозгора, за да се исцеди водата што е можно повеќе.

Се ставаат вареното просо, оревите, сувиот кромид, сувиот лук и солта во блендер и се миксаат околу 2 минути. Ова се остава настрана.

Се затоплуваат во тавче соја сосот и оцетот и кога ќе се загреат доволно, се додава сечканиот лук и се меша на средна температура, додека не омекне (околу 1 минута). Во тоа се ставаат печурките со дното надоле (како чинивчиња), се покрива тавчето и се вари на средна температура околу 3 минути, или додека печурките не потемнат. Потоа печурките се вртат од другата страна и повторно се варат околу 3 минути. Потоа печурките се вадат од тавчето и се редат настрана во чиста чинија.

Во тавчето каде што се вареа печурките, се додаваат спанаќот, празот и босилeкот. Сето тоа се „крчка“ на средна температура со мешање, сè додека спанаќот не стане доволно сув. Потоа се додава просото, кое е претходно измиксирано, и сусамот, се продолжува со варењето со постојано мешање, сè додека смесата не се згусне доволно. Со готовата смеса се полнат печурките и се послужуваат топли или ладни, по желба.

Полнетите печурки може да се јадат во рок од еден до два дена, ако се чуваат во фрижидер. Пред јадење може да се подгреат во рерна околу 10 минути.

 

НУТРИЦИСКА ВРЕДНОСТ:

 

Еден оброк (4 печурки) содржат:

127 калории;

3,6 гр. масти;

0,6 гр. заситени масти;

25,4% калории од масти;

0 мг холестерол.

 

5,9 гр. протеини;

20,1 гр. јаглехидрати;

1,6 гр. шеќери;

4,8 гр. влакна (фибер).

 

577 мг. натриум;

95 мг. калциум;

3 мг. железо;

5,9 мг. витамин Ц;

2750 микрограма бета-каротен;

1,4 мг. витамин Е.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.