БРЗО, СЛАТКО, ЗДРАВО
Напишано од Кујната на 8-КА Вторник, 30 Март 2010 11:41
Зимската тиква е најзастапен производ на македонскиот пазар во зимскиот период . Таа може да се вари, да се пече, но може да се подготви и на следниов начин, за што е потребно:
1 зимска тиква;
½ чаша вода;
1 лажица несолен соја сос;
2 лажици јаворов сируп.
Тиквата се лупи, се сече на половина и се чисти од семките. Потоа се сече на коцки со големина од околу 2 сантиметри (количина околу 4 полни чаши).
Тиквата се става во поголем сад и се става водата, соја сосот и јаворовиот сируп. Садот се покрива и се вари на пареа на средна температура, сè додека тиквата не омекне (да пропаѓа виљушката), околу 15 – 20 минути ...
ХРАНЛИВА ВРЕДНОСТ
Еден оброк од ова јадење содржи:
66 калории;
0,4 гр. масти;
0,1 гр. заситени масти;
5,2% калории од масти;
0 мг. холестерол;
1,1 гр. протеини;
16 гр. јаглехидрати;
9,8 гр. шеќери;
2,8 гр. влакна (фибер).
135 мг. натриум;
30 мг. калциум;
0,6 мг. железо;
9,6 мг. витамин Ц;
2806 микрограма бета-каротен;
0,1 мг. витамин Е.
| < Пред | Следно > |
|---|






