ТОРТА ОД ТИКВА
Напишано од Кујната на Лилјана Крстевска Вторник, 30 Март 2010 11:45
За подготовка на оваа торта потребно е:
1 средно голема тиква;
2 чаши пченкарни ’ркулци;
2 чаши интегрално пченично брашно;
малку сол;
еден прашок за печиво;
една мала лажичка цимет;
1 пакетче суви сечкани урми;
2 чаши сечкани ореви;
една и пол чаша суво грозје;
2-3 лажички таан;
природен јаболков сок.
Се мешаат пченкарните ’ркулци, интегралното брашно, солта, прашокот за печиво и циметот.
Потоа се додаваат урмите, оревите, сувото грозје.
Ова се замесува со природен јаболков сок. Се меси со рака и тестото треба да биде посочно. Потоа тестото се истура во тавче за печење на кое има ставено мрсна хартија.
Настрана се подготвува филот на следниов начин:
претходно сварената тиква на пареа се миксира со природен јаболков сок, цимет, малку сол и таан. Филот не треба да биде многу редок, туку треба да е поцврст. Овој фил се става врз тестото, одозгора се украсува со суво грозје и се пече на средна температура околу 40 минути. Откога краевите ќе почнат да се двојат од тепсијата, значи дека тортата е печена. Се оладува малку, се вади од тепсијата и се сече на парчиња.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари