ЗЕЛЕНА СВЕЖИНА
Напишано од Кујната на 8-КА Понеделник, 05 Април 2010 22:34
Дали знаете дека кељот е богат со калциум, кој може да се апсорбира дури за 30% повеќе, за разлика од калциумот во кравјото млеко? Кељот, кој освен со калциум е богат и со бета-каротен, ако го зачините со соја сос и лук, тогаш ќе добиете исклучително здрав и вкусен оброк.
За 4 оброци потребно е:
½ кг кељ;
½ чаша вода;
1 мала лажица соја сос;
2-3 чешниња лук.
Измиjте го кељот, отстранете ја дршката и исечкајте ги листовите на делчиња од околу 5 цм. Во тенџере зовријте ја водата во која сте го додале соја сосот, а потоа додадете го и лукот, кој е ситно исечкан. Тоа нека врие околу 30 секунди, а потоа додадете го кељот, промешајте и оставете го на средна температура да се довари уште 3 – 5 минути. Ако е потребно, додадете уште една до две лажици вода.
Нутритивна вредност за количина од еден оброк:
калории: 50
масти: 0,3 гр.
заситени масти: 0 гр.
калории од масти: 11,7%
холестерол: 0 мг
протеини: 1,7 гр.
јагленихидрати: 5,1 гр.
шеќери: 0,8 гр.
фибер: 1,6 гр.
натриум: 63 мг
калциум: 61 мг
железо: 0,8 мг
витамин Ц: 33,2 мг
бета-каротен: 6525 микрограма
витамин Е: 0,7 мг
| < Пред | Следно > |
|---|






