КЕЉ И СУСАМ
Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 25 Април 2010 21:21
Кељот е лиснат зеленчук кој изобилува во корисни нутритиенти а сусамот е извор на добри масти без холестерол. Нивната комбинација дава прекрасен вкус на салатата која можете да ја јадете одвоено но и како еден од додатоците на вашиот гарниран оброк за ручек или вечера.
За подготовка на 4 оброци потребно е:
Една помала главица кељ
Две лажици сусамова сол
Подготовка:
Одвојте ги листовите на кељот, отстранете ги дршките и измиете ги под млаз од вода. Потоа издробете ги листовите и потопете ги во зовриена вода околу 5 минути. Исцедете ги од водата, ставете ги во посебен сад и благо истостирајте ги со сусамовата сол.
Нутритивна вредност на еден оброк:
Калории 48
Масти 2,6 гр
Заситени масти 0,4 гр
Калории од масти 47,8%
Холестерол 0 мгр
Протеини 2,3 гр
Јагленихидрати 5,6 гр
Шеќери 0,8 гр
Фибер 2,1 гр
Натриум 93 мгр
Калциум 101 мгр
Железо 1,4 мгр
Витамин Ц 32,7 мг
Бета Каротен 6525 мкгр
Витамин Е 0,7 мгр
| < Пред | Следно > |
|---|






