КРЕМАСТА СУПА ОД ЦВЕКЛО
Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 25 Април 2010 20:25
Кремастата супа од цвекло е прекрасно јадење кое можете да го консумирате ладно или топло, по желба. Се подготвува многу брзо и лесно а неговите состојки како што е цвеклото изобилува со фолати кои се многу важни за обнова на клетките и намалување на ризикот од повеќе болести.
За подготовка на 3 оброци потребно е:
Една поголема главица цвекло или околу 500 грама
Една чаша млеко од соја или оризово млеко
2 лажички природен сок од јаболко
1 лажичка природен вински оцет
½ лажичка сушен копар
Подготовка:
Цвеклото се вари во вода и откога ќе биде сварено заедно со водата во која се варело се става во блендер за миксување. Се додаваат млекото, јаболковиот сок и винскиот оцет, како и копарот. Се заедно се миксува со блендерот околу 2 – 3 минути. Масата се претура во тенџере и се загрева на тивок оган со повремено мешање се додека не почне сосема благо да врие.
Нутритивна вредност за еден оброк:
Калории 93
Масти 1,5 грама
Заситени масти 0,2 гр
Калории од масти 14,6%
Холестерол 0 мг
Протеини 3,8 гр
Јагленихидрати 17,2 гр
Шеќери 11,5 гр
Фибер 2,5 гр
Натриум 229 мгр
Калциум 120 мгр
Железо 2,7 мгр
Витамин Ц 4,4 мг
Бета Каротен 23 мкгр
Витамин Е 1,2 мгр
| < Пред | Следно > |
|---|






