ЛЕПЧИЊА НА ТОСТ
Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 25 Април 2010 20:28
Ова е практичен рецепт за брза подготовка на вашиот доручек без холестерол. Овие вкусни лепчиња можат да бидат примамлив вкус и за најмладите, во комбинација со природен мармалад од јаболко.
За подготовка на 6 лепчиња е потребно:
Една чаша соино млеко
¼ чаша интегрално пченично брашно
Една лажичка јаворов сируп
Една лажичка ванила
½ лажичка цимет
6 парчиња интегрален леб
Подготовка:
Во блендер измиксирајте ги млекото, брашното, јаворовиот сируп, ванилата и циметот додека не се добие глатка маса.
Претурете ја смесата во поширок сад за да можете да ги намокрите со неа лепчињата. Намокрените лепчиња потпечете ги на нелеплива плотна или нелеплива тава (скара-тава) од двете страни додека благо не поруменат (околу 3 минути за секоја страна).
Нутритивна вредност за едно лепче:
Калории 120
Масти 2 гр
Заситени масти 0,4 гр
Калории од масти 14,7%
Холестерол 0 мг
Протеини 4,9 гр
Јагленихидрати 22 гр
Шеќери 6,1 гр
Фибер 3,1 гр
Натриум 173 мгр
Калциум 77 мгр
Железо 1,7 мгр
Витамин Ц 0,2 мгр
Бета Каротен 1 мкгр
Витамин Е 0,7 мгр
| < Пред | Следно > |
|---|






