ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ
Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 25 Април 2010 21:30
Ова е старомоден рецепт за подготвување на чоколаден пудинг кој може да стане омилен десерт за вас и вашите деца. Иако има многу помалку шеќер, овој пудинг има прекрасен сладок вкус. Неговата ненадминлива вредност е тоа што не содржи штетни адитиви кои вообичаено се наоѓаат во готовите прашоци за пудинг.
За подготовка на 4 оброци потребно е:
2 чаши соино или оризово млеко
3 лажици какао (по можност од органско потекло)
5 лажици пченкарен скроб
½ чаша нерафиниран кафеав шеќер
1 лажичка ванила
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во сад за мешање и измешајте ги во глатка маса.
Потоа претурете ги во тенџере и загревајте ги на средна температура со постојано мешање, додека не се добие густа – пудинг маса. Потоа претурете од готовиот пудинг во чаши за пудинг и изладете ги.
Нутритивна вредност за ½ од оброкот:
Калории 214
Масти 2,6 гр
Заситени масти 0,6 гр
Калории од масти 10,8%
Холестерол 0 мгр
Протеини 5,1 гр
Јагленихидрати 45 гр
Шеќери 28,4 гр
Фибер 2,8 гр
Натриум 72 мгр
Калциум 156 мгр
Железо 1,8 мгр
Витамин Ц 0,4 мгр
Бета Каротен 1 мкгр
Витамин Е 1,7 мгр
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари