МАКРОБИОТСКИ КОЛАЧ
Напишано од Кујната на 8-КА Недела, 23 Мај 2010 07:50
МАКРОБИОТСКИ КОЛАЧ
Ова е одличен новогодишен колач за вас и за вашите гости. Здраво јадење кое само ќе го исполни вашето здравје уште повеќе, без да го оптоварува организмот со тешко сварливи состојки. Освен тоа, се подготвува многу лесно и брзо, така што можете да го подготвувате секој ден.
За подготовка е потребно:
1 чаша интегрално пченично брашно;
½ чаша пченкарно брашно;
1 печиво;
1 чаша ладна вода;
1 чаша семе од афион;
100 гр. суво грозје;
100 гр. кокосово брашно;
100 гр. сечкани ореви;
3 лажици малтекс;
5 помали рендани јаболка.
Се ставаат двата типа брашно и печивото во сад за мешање и се додава водата. Сето тоа се меша со лажица, додека не стане хомогена маса (да нема грутчиња).
Потоа се додава семето од афион, сувото грозје, кокосот, оревите, малтексот и јаболката. Повторно целата маса се меша убаво.
Се става во нелеплив сад за печење или во обичен плех за печење, обложен со хартија за печење. Се пече еден час на температура од 150 степени.
| < Пред | Следно > |
|---|






