СЕКОГАШ ДОБАР КАФЕАВ ОРИЗ
Напишано од Кујната на 8-КА Сабота, 28 Август 2010 18:03
Кафеавиот ориз е богат со витамини, минерали, протеини и фибер, многу повеќе отколку белиот ориз. Многу лесно се вари и брзо се подготвува, и на тој начин ви заштедува многу време. Кај нас обично го има долгозрнестиот кафеав ориз.
За подготовка на 6 оброци потребно е:
- една чаша исчистен и измиен кафеав ориз;
- 3 чаши вода;
- половина лажиче сол.
Измиениот и исцеден ориз се става во тавче за готвење и се загрева со постојано мешање, на средна температура, сè додека оризот не се исуши од водата. Потоа се додава водата и солта, сето тоа се доведува до пред вриење, а потоа се намалува огинот. Се покрива тенџерето и се вари околу 40 минути, сè додека оризот не биде варен. Се истура вишокот вода или се собира водата, за да може да се искористи за варење на супи или други варива.
Нутрициската вредност за половина оброк е:
Калории: 115
Масти: 0,9 гр.
Заситени масти: 0,2 гр.
Калории од масти: 7,3%
Холестерол: 0 мгр.
Протеини: 2,7 гр.
Јаглехидрати: 23,7 гр.
Шеќери: 0,4 гр.
Фибер: 3,4 гр.
Натриум: 5 мгр.
Калциум: 10 мгр.
Железо: 0,4 мгр.
Витамин Ц: 0 мгр.
Бета каротен: 0 мкгр.
Витамин Е: 0 мгр.| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
Da, integralen i kafeav oriz e edno isto, i da podolgo se vari ;)