Виното и Французите
Вторник, 09 Септември 2008 06:24
Едно од најпопуларните сфаќања на љубителите на добрата чашка е дека алкохолот е добар лек. На пример, Французите, според многу тврдења се нација која е заштитена од срцеви заболувања поради навиката да пијат добро вино и наспроти тоа што истовремено се љубители на мрсна храна.
Популарноста на ваквото објаснување воопшто не изненадува, затоа што луѓето секогаш сакаат да слушаат добри работи за своите лоши навики.
Французите навистина трипати помалку страдаат од срцеви болести за време на една година, за разлика од Американците. Причина посочена за ова е дека Французите немаат навика да јадат меѓу оброците. Тие подолго време двојат за да го консумираат својот оброк, за разлика од Американците, кои просто го „гнетат“ јадењето, кое е брзо и нездраво подготвено, најчесто од рестораните за брза храна.
Французите не јадат ни премногу рафинирана храна како што јадат Американците, а од млечна храна јадат повеќе сирење отколку млеко.
Еден истражувач, кој ги базирал своите сознанија врз испитувања на стаорци, шпекулираше дека сирењето нема толку големо негативно дејство врз крвните садови како што има млекото. Без разлика на сè, во ваквото тврдење нема никаква наука, туку само претпоставка, која не може да се поткрепи научно. Има и други истражувачи што тврдат дека Французите сакаат да јадат повеќе лук и можеби е тоа причина за заштитата на нивното срце.
Прашањето е: Дали овде навистина има некаков парадокс?
Очевидната разлика меѓу Французите и Американците во поглед на честотата на срцевите заболувања може да биде во традиционалната исхрана на Французите, која, за жал, денес се заборава. Во последните 25 години француската исхрана стана многу побогата со масти, а со помалку алкохол отколку во минатаото. Според податоците на Организацијата за храна и агрокултура на Обединетите нации, кај Французите за 40% се зголемило консумирањето мрсна храна за последните 25 години. Имено, од 1961 до 1963 година консумирањето мрсна храна кај Французите пораснало за 29%, а од 1986 до 1988 за 39%. Срцевите заболувања може да се развиваат во текот на една декада, па можеби срцевите заболувања и немале доволно време да го следат однесувањето на Французите.
Мрсната храна кај Американците обезбедува 39% од калориите во текот на денот, податокот е од 1950 година, и така се одржува до денес, можеби со некој процент повеќе. Бидејќи консумирањето масти и алкохол кај Француците се доближува до нивото на Американците, постои реална можност да очекуваме дека Французите ќе им се доближат на Американците и со бројот на срцевите заболувања за догледно време. Тие јадат мрсна храна во последниве 4 до 6 години, и тоа исто како што јадат Американците во последните 50 години.
| < Пред | Следно > |
|---|






