ТЕМПЕХ И ЗЕЛЕНЧУК
Напишано од Кујната на 8-КА Петок, 25 Февруари 2011 19:22
Овој оброк е многу брз и едноставен за подготовка. Изобилува со зеленчук и е добар избор за вечера. Тоа е многу добар начин да се натераат децата да јадат вкусен зеленчук, но и да ги внесат потребните количини од протеини.
Темпехот е производ од ферментирана соја, кој изобилува со протеини.
Покрај протеините, брокулата вклучува многу калциум, а за целата подготовка ќе ви се потребни само околу 10 минути.
За 4 оброци потребно е . . .1 пакување темпех (го има во продавниците за здрава храна);
¼ чаша бујон од зеленчук;
2 китки брокула, поделени на поситни гранчиња;
1 мала главица кромид, сечкан;
1 црвена бабура, сечкана;
1 лажичка толчен лук;
1 лажица рендан свеж ѓумбир;
1 лажица соја сос;
2 чаши варен кус кус.
Подготовка:
Темпехот се сечка на коцки и се загрева на пареа околу 10 минути.
Во вог тава се загрева бујонот од зеленчук и се додава темпехот, брокулата, кромидот, бабурата, лукот и ѓумбирот. Се динста со лесно мешање на средна температура, додека темпехот лесно не поцрвени, а зеленчукот треба лесно да омекне.
Потоа се додава соја сос и се сервира врз сè уште неоладениот кус кус.
Ова јадење може да стои во фрижидер во добро затворен сад 3 дена.
Нутрициска вредност за еден оброк:
285 калории;
8,1 гр масти;
1,7 гр заситени масти;
25,5% калории од масти;
0 мг холестерол.
37,2 гр јаглехидрати;
7,1 гр фибер;
5,8 гр шеќер;
20,2 гр протеини.
312 мг натриум;
86,4 мг витамин Ц;
1293 мкгр бета-каротен;
2,3 мг витамин Е;
127 мг калциум;
3,1 мг железо.
| < Пред | Следно > |
|---|








