МЕДЕНА ОВЕСНА КАША
Напишано од Кујната на 8-КА Четврток, 30 Јуни 2011 22:01
Една банана, малку сецкани ореви, половина лажиче какао, половина лажиче интегрален сусам, овесни снегулки, едно лажиче мед.
Изгмечете ја бананата и додадете ги ситно сецканите ореви, какаото и интегралниот сусам. Кога добро ќе ја измешате смесата, додадете ги овесните снегулки и измешајте. Потоа залијте го сето тоа со зовриена вода и оставете го неколку минути додека омекнат овесните снегулки. На крајот додадете едно лажиче мед и измешајте.
За овој оброк наместо овесни снегулки можат да се користат и р`жани снегулки или мешавина од овесни и р`жани . . .
Но исто така наместо снегулки ако имате повеќе време можете да сварите овес во зрна и да го подготвите на ист начин со другите додатоци, со тоа што ако варите овесно жито нема потреба да довате зовриена вода како кај овесните снегулки кои се суви.
Овој енергетски доручек се подготвува многу брзо и е многу практичен кога сакате брзо да излезете од дома за на работа. Но сепак ако немате ни толку време, овој доручек можете да го подготвите одвечер и да го чувате во фрижидер во сад кој се затвора херметички, а утредента наместо дома можете да го земете за да го доручкувате на работа.
Количината која ќе ја подготвите зависи од вашите желби и потребите на вашиот апетит. Подгответе си онолку колку ви е навистина потребно за да го задоволите гладот и немојте да внимавате на количината која ќе ја изедете. Во текот на работниот ден ќе се чуствувате повеќе работоспособни и нема да имате проблем со концентрацијата.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари