ДЕСЕРТ ОД ЈАГОДИ
Напишано од 8-KA Вторник, 14 Јули 2009 13:28
Овој десерт од јагоди може да се јаде сам или во комбинација со вашите омилени палачинки, овошни салати или интегрални колачиња.
УТРИНСКИ КОМПИРЧИЊА
Напишано од 8-KA Недела, 21 Јуни 2009 14:34
Потребно е:
Три средно големи излупени компири
Една главица кромид средна големина
4 кафени лажици соја сос
½ кафена лажичка буковец
¼ кафена лажица бибер
5 – 6 мали цреша-доматчиња
Една чаша сецкан праз
ПОСЕН СУТЛИЈАШ
Напишано од 8ka Сабота, 02 Мај 2009 08:31
- 2 јаболки;
- 200 грама ориз;
- цимет;
- кафеав шеќер;
- морско оревче.
Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди водата, се додава шеќерот и се рендаат јаболките.
Се соединува и на крај се додава пола кафено лажиче цимет, и се наросува со морско оревче.
ПОСНО РИЗОТО
Напишано од 8ka Сабота, 02 Мај 2009 08:26
- 1 кромид;
- 1 исечкан морков;
- пола пашканат;
- пола главица свежа зелка, исечкана;
- 1 шолја бел/интегрален ориз;
- магдонос;
- 2 чешниња лук;
- мајчина душица, сол, рузмарин, црн пипер и ловоров лист.
Се динстаат кромидот, пашканатот, морковот и зелката околу 20 мин. Им се додаваат зачините и оризот. Се доварува заедно со постепено додавање на вода или вегетаријански бујон. На крај, откако смесата ќе се соедини, се додава ситно исечкан лук и многу магданос.
Се сервира во чинија и се декорира со ситно исечкан млад кромид.
ПОСНА ПИЦА
Напишано од 8ka Сабота, 02 Мај 2009 08:12
Се замесува средно-меко тесто од брашно, прашок за печиво, газирана вода, сол, шеќер и ким. Се тегне на тавче посолено со брашно, се додава доматно пире зачинето со оригано, пиперка, маслинки, кромид, ситно исечкано лукче, пченка и печурки. Се става во рерна на 200 степени да се пече.
Повеќе Артикли...
Страница 5 од 10






