ПОСНА ПРОЈА
Напишано од 8ка Четврток, 26 Февруари 2009 11:54
Состојки:
3 шолји пченкарно брашно,
1 шолја бело брашно,
1 прашок за печиво,
една шолја обична вода,
две шолји газирана вода,
1/3 шолја зејтин,
сол,
семки од сончоглед и тиква, ленено семе или ким по желба.
Се замесува целата смеса и се добива течно тесто, кое се истура во намрсено тавче. Дното на намрсеното тавче можете да го посипете со сусам, кој можете да го ставите и одозгора на тестото. Се пече 40 мин. на температура од 200 степени Целзиусови. За подобар изглед и сервирање, ова тесто може да се испече и во тава со фигури (модли) кои даваат интересна форма и изглед на парчињата проја при сервирање.
Хумус
Напишано од Радмила Живановиќ Среда, 24 Декември 2008 05:29
Хумусот или паштетата од наут дава одличен избалансиран вкус и можности да експериментираме со различните додатоци кои ќе ја збогатат основата.
Во блендер се става 300 гр. сварен наут, се додаваат ситно исечкани 2-3 чешниња лук, сок од лимон и зачински тревки (магданос, мента или копар). Од оваа смеса, со блендирање, се добива хумусот. Хумусот можете да го збогатите со таан, пире од сусам, да му додадете сенф или лути пиперчиња. Направете го вкусот онаков каков вам ви одговара. Едноставно експериментирајте. Се служи со интегрален чипс или пак тостирано лепче, најчесто како предјадење или дел од мезето.
Топла салата со наут
Напишано од Радмила Живановиќ Среда, 24 Декември 2008 05:28
Оваа салата ја јадев во еден од нашите ресторани, и бев пријатно изненадена од избалансираниот вкус кој го овозможува. Во домашната кујна ја подготвив малку модифицирана.
Пире од компири со печурки во сос
Напишано од 8ка Вторник, 16 Декември 2008 05:05
Ова јадење се подготвува многу брзо за вас или за вашите ненадејни гости, кои дошле за време на ручекот. За негова подготовка ви се потребни само дваесетина минути. Пирето од компири и печурките во сос можете да ги подготвувате истовремено.
За подготовка на јадењето ви е потребно:
- 3 - 4 поголеми компири,
- 1 децилитар соино млеко,
- 1 тегла маринирани шампињони,
- 2 моркова,
- малку ленено семе,
- две супени лажици хопла за сос,
- една рамна супена лажица бело брашно,
- зачини по вкус.
Излупените компири и исечкани на четвртинки или уште поситно, ставете ги во тенџере да се варат.
Во друго тенџере ставете ги претходно исплакнатите печурки од тегла и налејте ги со вода, (водата треба да ги покрие печурките, односно еден прст над нив), и ставете ги на оган да зовријат. Морковите насечкајте ги на тенки тркалца или на ситни коцки, (како за руска салата), и додајте ги на печурките да провријат. Додајте и половина лажиче ленено семе. Сето тоа нека врие петнаесетина минути на средна температура, да се вари полека.
Во помал сад ставете го брашното и налејте го со хопла за сосови, додајте уште малку ладна вода и убаво измешајте ја смесата додека не стане хомогена. Тргнете го тенџерето со печурките од огнот и додајте го растворот со хоплата со постојано мешање. Тенџерчето повторно вратете го на тивок оган уште пет минути. Додајте зачин по желба – биозачин, црн пипер, малку буковец, наросете малку сув рузмарин и сечкан свеж магдонос.
Компирите, кои се сварени во меѓувреме, тргнете ги од огнот и истурете две третини од водата. Потоа изгмечете ги со толчник. На недоизгмечените компири додајте го млекото од соја и повторно гмечете. За да добие пирето пенест изглед, можете да употребите и миксер. На крајот посолете го со биозачин (може и со вегета), малку црн пипер и несолено гомасио (зачин од сусам).
Сервирајте го пирето на чинија и озгора наронете му малку тофу.
Пирето со печурките во сос се јаде со изобилие свежа салата од сезонски зеленчук.{/reg}
Македонска салата со ориз
Напишано од Радмила Живановиќ Вторник, 02 Декември 2008 09:07
Како од веќе познатата салата да направите едноставна, свежа и хранлива порција? Додадете ориз, избалансирајте го вкусот, а зголемете ја хранливоста.
Повеќе Артикли...
Страница 7 од 10






