logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Здружение 8ка

  • Статут
  • Програма
  • Донирај

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

СЕМИНАР „НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДЕБЕЛИ И ГЛАДНИ“

Напишано од 8ка Вторник, 31 Март 2009 11:58

287
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(8 гласа, просек 4.50 од 5)

25.04.2009 (сабота)
Даре Џамбаз (Црвен крст)
10.00 - 16.00 часот

Дебелината е болест на современието. Таа е последица на нездравите животни навики на луѓето и консумирањето на нездрава храна. Дебелината е последица на желбата за екстремна заработка на производителите на нездрава храна, но истовремено дебелината стана и извор на заработка на „продавачите на диети и на здрав животен стил”. Затоа и дебелината се вбројува во групата на современи хронични болести кои се одговорни за уништување на квалитетот на животот на милиони луѓе во светот. 

Здружението за здравствена eдукација и eкологија „8-КА” го организира првиот семинар посветен на ДЕБЕЛИНАТА КАКО НАЈРАШИРЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ КАЈ СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК. Овој семинар ќе овозможи едно поинакво информациско и искуствено сознание на оваа проблематика и ќе овозможи согледување на неколку аспекти кои директно ќе ги воведат посетителите во суштината на појавата на дебелината, нејзината динамика на присутност на локалната и глобалната сцена. Воедно, семинарот ќе се обиде да претстави практични и лесно применливи приоди кон справување со ова здравствено, емотивно и духовно осиромашување. 

Програмата на семинарот ќе биде водена од страна на др. Јадранка Бибан, си-фу Предраг Петрески и дипл. психолог Радмила Живановиќ. На семинарот ќе имате можност и директно да дегустирате дел од рецептите преку кои „8-КА” се соочува со дебелината и воедно нуди една поинаква можност за восприемање на храната и нејзината подготовка.

Партиципацијата на семинарот изнесува 600 денари.

Пријавувањето може да се изврши на телефон: 02/3080920 или

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 
 
ПРОГРАМА
10:00 -11: 30 Презентација и разговор:
                       „Никогаш повеќе дебели и гладни“
                        Предавач: др. Јадранка Бибан 

11.30 -11.45   Пауза 

11.45 -12.20   Презентација и разговор:
                       „Со напорно вежбање не се слабее“
                        Предавач: си-фу Предраг Петревски 

12.20 -13.00 Презентација и разговор:
                        „Улогата на семејството како систем на поддршка за промена и развој на навиките за исхрана“
                      
Предавач: психолог Радмила Живановиќ 

13.00 -13.45 Пауза на семинарот
                       (Вегетаријански сендвич, сок, минерална вода) 

13.45 -14.20 Презентација и разговор:
                      „Загадена средина - дебела нација“
                      Предавач: др. Јадранка Бибан и
                      Еко активисти на 8-КА 

14.20 -15.00 „Разговори во кујна – со вкусни јадења до здравје и витка линија“
                       Рецепти и начини на подготовка на здрав оброк, подготовка и дегустација.

15.00 - 15.45 Работилници според претходно евалуираните теми

15.45 -16.00 Прашања и одговори
                        Евалуација на семинарот

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.