ТРОДНЕВЕН ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР
Напишано од 8-KA Недела, 13 Септември 2009 15:46
„8-КА“ ВИ НАЈАВУВА И ВЕ ПОКАНУВА НА:
ТРОДНЕВЕН ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР
„8-КА ВЕ ВОДИ ВО СВЕТОТ НА ЗДРАВЈЕТО“
ВО СОРАБОТКА СО
НАУЧНО - МЕДИЦИНСКАТА ПРОГРАМА „Д-Р БИБАН“И
СИ-ФУ ПРЕДРАГ

Тоа е исклучителна можност да научите како да се ослободите од зависноста кон скапата медицинска терапија.
За време на семинарот ќе се запознаете со базичните нутритивни и медицински принципи. За тоа кратко време ќе можете да уживате во атмосферата на поддршка и инспирација, која ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот пат до вашето изгубено здравје.
Во деновите на семинарот ќе научите како да ја повратите самодовербата и вербата дека навистина постои нешто што е надвор од медико-бизнисот, а сепак е добро за вашето здравје и за здравјето на вашите сакани.
Ќе можете да се уверите дека преку вкусот на вистинската храна, без страдања заради несакани ефекти од лекови, повторно ќе можете да го изградите вашето тело и да уживате во неговото здравје . . .
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Ќе научите и ќе откриете колкава моќ и енергија лежи во вас и ќе научите истата да ја користите во лекување на вашата болест.
Ќе дознаете за една вистинска, Хипократова медицина, која е всушност вистинската наука за која досега не сте знаеле :
- Ослободете се од лековите,
- Победете ја дебелината засекогаш,
- Намалете ги мастите во крвта и избегнете срцева болест,
- Средете ги пореметените хормони,
- Победете го дијабетесот,
- Ослободете се од предменструалниот синдром,
- Избегнете ризик од мозочен удар,
- Дознајте како се лекуваат карциномите,
- И уште многу други работи кои ќе го подобрат вашето здравје.
Пријавете се за тродневниот есенски семинар и дозволете си да поминете еден од најубавите викенди во вашиот живот.
Уживајте во забавно-едукативните часови на д-р Бибан, коишто ќе ви помогнат да свртите нова страница во вашиот живот.
Релаксирајте го телото и нахранете го духот на часовите со си-фу Предраг.
Вкусете ги најубавите јадења кои досега не сте ги откриле.
Дознајте зошто досега, најубавите тајни на животот и на здравјето, за вас биле недостапни.
За три дена ќе откриете нови димензии на животот и од тогаш стварноста за вас ќе има ново име.
Тоа ќе биде почеток на здраво и среќно живеење за вас и за вашите блиски.
Научете како да не штедите пари за лекување, туку за патувања и пријателски средби со луѓето од целиот свет.
Д-р Бибан Јадранка е специјалист по гинекологија и акушерство со близу дваесет години активен стаж во областа на медицината.
Таа е идеен творец на програмата „8-КА“ и претседател на Здружението за здравствена едукација и екологија „8-КА“.
За себе и за својата работа таа вели:
„Сакам да знаете зошто треба да ми верувате.
Треба да ми верувате, затоа што дваесетина години трагам по причината за „неизлечливите болести“ кај пациентите.
Затоа што дваесет години сум во непрекината врска со пациентите и постојано го чувствувам она кое недостасува во медицината за да се постигне вистинското излекување на болестите.
Затоа што информациите кои ги давам се од мојата непосредна практика и искуство со пациенти.
Затоа што открив многу мои колеги кои истовремено ја откриле вистината на „медицинската немоќ“ , а исто како и мене, мораат да трагаат по начини на кои ќе и ја соопштат на јавноста.
Затоа што чувствувам дека вистината за вистинското потекло на болестите и нивното вистинско лекување, мора да допре до луѓето“.

Си-фу Предраг Петрески е кунг-фу мајстор со над дваесетгодишно искуство во областа на психотелесната димензија на човечкото битие.
Тој ве советува:
„Не обвинувајте никого за она што вам ви се случува.
Не барајте помош од никого кога ке западнете во неволја.
Но, научете правилно да ја користите вашата природна моќ, затоа што Универзумот ве дарувал со таква способност.
А вие сте дел од Него, вие сте Универзумот.“
Учесниците на семинарот ќе имаат можност да уживаат во чистиот воздух и во зеленилото на Водно,
и да го почувствуваат вистинскиот ефект на здравиот животен стил.

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Семинарот ќе се одржи во прекрасниот амбиент
на Хотелот СРЕДНО ВОДНО - Скопје,
од 30.10.2009 (петок) со почеток од 17 часот до
01.11.2009 година (недела).
Во цената на тродневниот семинар се вклучени:
- Едукативните предавања за исхраната како лек,
- Едукација за начините на готвење,
- Чи кунг вежби,
- Оброци (доручек, ручек и вечера).
Во цената не се вклучени ноќевањата.
Дополнителни информации можете да добиете преку
тел: 02/ 30 80 920,
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
| < Пред | Следно > |
|---|






