ПОТСЕТУВАЊЕ - ТРОДНЕВЕН ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР
Напишано од 8ka Понеделник, 26 Октомври 2009 17:56
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Дали знаете како се станува најсреќен лекар? Така што ќе имате најсреќни пациенти. Тоа се пациенти кои се ослободуваат од лековите, пациенти кои се ослободуваат од болеста засекогаш, пациенти кои избегнуваат скапи операции, пациенти кои јадат вкусна храна, пациенти кои витки и полни со енергија... Со еден збор, тоа повеќе не се пациенти туку се здрави луѓе. Престанете да бидите пациенти и станете здрави и среќни луѓе. Научете како да уживате во животот и во здравјето кое толку лесно и ефтино можете да го постигнете. Престанете да се загрижувате за високите цени на лековите затоа што можете да научите како да живеете без да имате потреба од нив. Научете ја тајната на добриот и здрав изглед и престанете еднаш за секогаш да бидете жртва на продавачите на „ефективни диети” за слабеење. Дознајте зошто луѓето денес брзо се здебелуваат. Научете како да му помогнете на вашето дете да се справи со вишокот килограми. Дознајте ја вистината за вашиот имунитет и неговата моќ да ве одбрани и од најтешките болести. Размислете, можеби операцијата не ви е потребна Ослободете се од инсулинот Не плашете се од вирусите, дознајте ја нивната природа Дознајте зошто повеќето болести се прогласени за неизлечиви и доживотни. Дали навистина карциномите се неизлечиви? Научете како никогаш да не прифатите „неизлечива болест”...
Научете ги најприродните вкусови на храната кои оддамна сте ги заборавиле. Поминете три незаборавни дена заедно со 8-КА и програмата на Др. Бибан и однесете во вашиот дом искуство и знаење за тоа како се прави здраво и среќно семејство. Тоа ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот пат како да излезете од лавиринтот на здравствениот систем и да ја преземете контролата над своето здравје во целост. А потоа, кога ќе оздравите не седете дома. Бидете хумани како што ви налага природата. Патувајте низ светот и пренесувајте ја тајната на добро здравје на сите оние на кои тоа им е потребно. Исполнете го вашиот живот со свежината на здравјето и подарете здравје на целиот свет.
Си-фу Предраг Петрески
:
Aко размислиме внимателно што ни порачува денешната наука, можеме да забележиме дека всушност постои само еден тип на енергија во Универзумот, а тоа е електромагнетната енергија. Од ова може многу јасно да се заклучи дека чито (енергијата) во нашето тело всушност е “биоелектрицитет” па така нашето тело станува “живо електромагнетно поле”. Врз ова поле делува начинот на кој размислуваме, чувствуваме, физичката активност, храната која ја јадеме, воздухот кој го дишеме, околината во која живееме, и се разбира неприродната енергија која е производ на модерното живеење. Лековите во одреден момент можеби можат само да помогнат, но храната е она која ве лекува, а чито (енергијата) е она што нè излекува и нè одржува во живот. Затоа, разбудете ја вашата заспана енергија и почуствувајте како телото се лекува.
Дипл. психолог - Радмила Живановиќ:

Животниот стил не може да се развива изолирано. Тој секогаш го вклучува поединецот во релација на неговата актуелна средина и неговите претходни животни искуства. Промената на животниот стил секогаш претпоставува спремност да се променат одредени животни практики во однос на исхраната и и да се развие способноста да се влијае и да се создаде пригодно опкружување кое ќе ја поддржува промената. Психосоцијалната поддршка ви овозможува да го направите исчекорот кон поиздржани и ефективни одлуки во однос на вас, вашето физичко и ментално здравје. Програмата за поддршка, како дел од програмот „Др. Јадранка Бибан“ ви овозможува да ја направите и спроведете промена на животниот стил соодветно на вашите потреби и интереси, постепено јакнејќи ги вашите физички, психички и општествени напори. Таа вклучува индивидуализиран и групен пристап во однос на конкретни здравствени проблеми преку кои одговорноста за промена се зема во сопствените раце и се спроведува со сопствено темпо. Оваа програма ве открива вас како моќен и способен двигател на сопственото здравје и животна благосостојба.
Семинарот ќе се одржи во Скопје, во прекрасниот амбиент на хотелот „СРЕДНО ВОДНО“, од 30.10.2009 (Петок) со почеток од 17,00 часот до 01.11.2009 (Недела) до 16,00 часот.
Во цената за тродневниот семинар се вклучени :
- Едукативни предавања за исхраната како лек
- Едукација за начини на готвење
- Чи Кунг вежби
- Оброци (доручек, ручек и вечера)
Во цената не се вклучени ноќевањата.
Дополнителни информации може да добиете со контакт преку :
- e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
- tel. 02 / 30 80 920
- tel. 070 26 88 75
ПЕТОК (30 10 2009 ГОД.)
17,00 – 19,00 – пристигнување на семинаристите и поединечен разговор со Др. Бибан
19,00 – 20,00 – вечера
20,00 – 21,00 – Др. Бибан – МЕДИЦИНА - ЖИВОТЕН СТИЛ
САБОТА (31 10 2009 год.)
07,30 – 08,00 – вежби
08,00 – 09,00 – доручек
09,00 – 11,00 – Др. Бибан – ХРАНА НАСПРОТИ ЛЕКОВИ
11,00 – 12,00 – подготвување и дегустација на храна
12,00 – 13,00 – Техн. Ласте Младеновски – ЛЕБОТ КАКО ХРАНА И КАКО ЛЕК
13,00 – 14,00 – ручек
14,00 – 16,00 – Др. Бибан - КОНТРОЛА НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА СО ОЗДРАВУВАЊЕ
16,00 – 17,00 – подготвување на храна и дегустација
17,00 – 19,00 – СИ-ФУ Предраг Петрески – ЧИ - КУНГ
19,00 – 20,00 – вечера
20,00 – 21,00 – Дипл. Фарм. Лозенка Павлеска – ОРГАНСКА КОЗМЕТИКА –
НЕДЕЛА (01 11 2009 год.)
07,30 – 08,00 – СИ-ФУ Предраг Петрески – вежби
08,00 – 09,00 – доручек
09,00 – 11,00 – Др. Бибан – 5 ПОГРЕШНИ МИТОВИ ЗА ХРАНАТА
11,00 – 12,00 – подготовка и дегустација на храна
12,00 – 13,00 – Дипл. Псих. Радмила Живановиќ -
РЕ-КРЕИРАЊЕ НА ЛИЧНАТА ДИНАМИКА ВО ОДНОС НА ИСХРАНАТА
13,00 – 14,00 – ручек
14,00 – 16,00 – разговор и разидување
| < Пред | Следно > |
|---|








