НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ ОД ТРОДНЕВНИОТ СЕМИНАР НА 8-КА
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Понеделник, 02 Ноември 2009 13:04
Едукативните предавања на Др. Бибан се одвиваа во забавна и релаксирана атмосфера.

Заинтересираност и активно учество на учесниците на семинарот.

Многу, многу прашања и уште повеќе одговори.

Откриени се многу тајни за животот и здравјето.

Лекувањето со храна - основа на Хипократовата медицина и на Програмата „Др. БИБАН“.

Вкусни јадења наспроти горчливи лекови.
Весели насмевки наместо болка.

Здравјето влегува преку устата, заедно со веселите бои на вкусните плодови на природата.

Секој може да вежба кога е на вистинскиот пат кон своето здравје.

Чувството на вистинскиот успех е најсилно со Си-фу Предраг и
тајните на Чи Кунгот.
Дружење со вкусот на здравјето некаде далеку од болничките чекални.

Прибор за јадење наспроти болнички инструменти.

Мирисот на кујната наместо мирисот на амбулантата.
Чекориме на вистинскиот пат кој не води во светот на здравјето, успехот, задоволството и среќата.
Тоа е нова страница во животот, тоа е вистинска слобода.

До следниот семинар,
со полно здравје и со позитивни мисли.
НЕЗАБОРАВНИ ТРИ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ СО 8-КА И СО ПРОГРАМАТА
„Д-Р БИБАН“
Од 30 октомври до 01 ноември 2009 година, во хотелот ВОДНО, кој се наоѓа на падините на истоимената планина, се одржа тридневниот семинар на 8-КА, во соработка со програмата „Д-р Бибан“.
Трите семинарски денови изминаа во знакот на незаборавни моменти на дружење и поттик за продолжување по патот на вистината, патот за откривање на начините за вистинско ослободување од проблемите кои го притискаат денешниот човек и го уништуваат неговото здравје.
Преку забавни – интерактивни едукативни предавања, д-р Бибан ги откриваше причините за хроничните заболувања од кои страда денешниот човек и ја претставуваше ХИПОКРАТОВАТА МЕДИЦИНА, која е единствениот излез за совладување на истите.
Се поставија многу прашања, чии одговори го отворија патот на вистината. Се разрешија многу дилеми околу начинот на исхрана и моќта на храната во лекувањето на болестите. Се открија многу лаги, многу невистини, со кои се поматуваат видиците на обичниот човек, кој секојдневно настојува да си помогне и да се ослободи од болеста која го уништува квалитетот на неговиот живот. Кој и зошто го држи денес човекот во заблуда? Зошто секојдневно се збогатува домашната аптека со нови лекови, без притоа да се почувствува подобрување на здравјето кај луѓето? Тајните на таканаречените „неизлечиви болести“ беа буквално разоткриени.
„НЕ ПОСТОИ НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ“ – беше заклучокот, по откривањето на вистинските причини за појава на болестите.
Учесниците на семинарот имаа можност да ги вкусат најубавите јадења подготвени според рецептите на 8-КА. Сите го почувствуваа вкусот на вистинското здравје и научија како да го препознаваат истиот. Истовремено, сите се согласија дека вкусот на храната како лек е далеку поубав од вкусот на горчливите лекови. Мирисот на кујната, стана препознатливиот мирис на Хипократовата медицина.
Повеќе нема дилеми за тоа која е вистинската храна за човечкиот организам. Повеќе нема дилеми за тоа дека таа храна е далеку повкусна од храната за која во заблуда се мислело дека е „здрава храна“. Вкусните оброци дефинитивно ја разрешија дилемата.
Запознавањето со чи-кунгот како дел од програмата „д-р Бибан“, отвори нова страница во животот на присутните.
Си-фу Предраг ги откри тајните на моќта на човечката потсвест и ги обелодени техниките на нејзиното делување.
Енергетските вежби кои се изведуваа под раководство на си-фу Предраг и со кои започнуваше денот, значеа полнење на телото и духот со свежа енергија, која стана неисцрпна и присутна преку целиот ден. Секој од присутните сфати дека вежбањето не треба да биде напорно, туку релаксирачко и изводливо за секого. Всушност, сите дознаа и се уверија во фактот дека вежбањето може да е дел од сечиј животен стил.
На часот по чи-кунг, започна будењето на универзумот во секој од присутните...
Градењето на новиот животен стил, значи моќ да се ослободите од старите и лоши навики, значи применување на нови начини на однесување кон себеси, кон најблиските, значи ваш личен пример и поттик кон пријателите за нивна сопствена промена. Но вашата промена, значи и нови пријателства. Советите на Радмила Живановиќ – дипл. психолог, за тоа како полесно да се направат овие промени, предизвикаа интерес и внимание кај сите.
Желбата за понатамошно дружење, желбата за откривање на нови вистини, на крајот на семинарот беше сосема логична сензација, затоа што тие три дена, всушност за многумина значеше почеток на ПОТРАГАТА ПО ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.
| < Пред | Следно > |
|---|






